Турски печат 11.09.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1267225
Турски печат 11.09.2019

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ердоган: Со Трамп го поставивме на дневен ред договорот за слободна трговија“, пишува дека како што истакна претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, трговскиот обем помеѓу Турција и САД кој што се движи на ниво од 20 милијарди долари, е доста испод вистинскиот потенцијал. Ердоган нагласи дека со американскиот претседател Доналд Трамп постигнале согласност по прашањето на негово покачување на 100 милијарди долари.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Ердоган: Нашата земја повеќе не може да сноси нов бегалски бран од Сирија“, исто така им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој уште еднаш покажа реакција против поддршката која што САД ја даваат на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ. Нагласувајќи дека терористичката организација ДЕАШ е поразена, Ердоган рече: „Најголема препрека пред враќањето назад на сириските бегалци се терористичките организации како ПКК/ЈПГ. Нашата земја повеќе не може да сноси нов бегалски бран од Сирија.“

„Црногорскиот министер за надворешни работи Дармановиќ: Турција е многу значајна за нас“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, каде што се вели дека министерот за надворшени работи на Црна Гора Срџан Дармановиќ кој допатува во посета на Анкара, истакна дека според редоследот на инвестирањата во Црна Гора турските бизнисмени се на шесто место. Нагласувајќи дека Турција се наоѓа меѓу мошне значајните странски инвеститори за Црна Гора и дека турските бизнисмени се добродојдени во неговата земја, Дармановиќ додаде дека очекуваат да дојдат многу поголем број турски инвеститори во Црна Гора.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Беспилотното летало Акинџи подготвено за летање“, информира дека за прв пат проработија моторите на офанзивното беспилотно летало Акинџи кое е развиено со домашни можности. Акинџи ги помина успешно сите тестирања и ќе го намали товарот на воените авиони. Акинџи ќе напаѓа од воздух со ракети, а лесно ќе може да ги носи и бомбите тешки 1 тон кои што ги носат воените авиони Ф-16. Беспилотното летало Акинџи е со распон на крилја од 20 метри, ќе може да лета со тежина од 4,5 тони и ќе се појави на пистата оваа недела. 

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Кампања за попуст од Туркиш Ерлајнс во Јужна Европа“, пишува дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) организира кампања за специјален пупуст за своите патници кои ќе патуваат за земјите од Јужна Европа. Кампањата пружа можност за патување по поволни цени од Истанбул и Анкара до 25 дестинации во Италија, Шпанија, Франција, Малта, Португалија и Грција. Патниците кои сакаат да летаат со попуст со купените авионски билети од 10 до 20 септември, во периодот од 1 ноември 2019 година до 31 март 2020 година ќе можат да патуваат по цени кои што почнуваат од 119 долари.

 



Слични вести