Турски печат 10.09.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1266590
Турски печат 10.09.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Мошне јасна порака од Турција за Источниот Медитеран“, информира дека како што истакна вчера министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу, никој не може да ги спречи активностите на Турција во Источниот Медитеран. Министерот Чавушоглу вчера во рамките на својата посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) учествуваше на средбата со граѓаните во Јени Еренќој. Во говорот што го одржа овде, министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција без двоумење и без да направи отстапки од ништо стои и ќе продолжи да стои покрај турскиот народ на Кипар.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерот Албајрак се состана со американскиот секретар за трговија Рос“, пишува дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак вчера се состана со секретарот за трговија на Соединетите Американски Држави (САД) Вилбур Рос. Министерот Берат Албајрак во врска со остварената средба во Истанбул сподели објава на својата сметка на социјалната мрежа Твитер. Велејќи дека со Рос оствариле продуктивна средба на која била обемно разгледана економската и трговската соработка помеѓу Турција и САД, Албајрак го напиша следното: „Уште еднаш ја нагласивме нашата одлучност за целта за трговски обем од 100 милијарди долари.“   

„Соопштени статистичките податоци за престој во туристичките објекти во месец јули“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, каде што се вели дека Министерството за култура и туризам ги соопшти статистичките податоци за престојот во туристичките објекти во месец јули и според тоа пополнетоста на туристичките објекти во јули изнесуваше 75 отсто. Процентот на пополнетост во периодот јануари-јули, за 7 месеци пак, изнесуваше 50,68 отсто.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Русија лидер во нашиот извоз на свеж зеленчук и овошје“, пишува дека Турција во периодот јануари-август, за 8 месеци оваа година, реализира извоз на 964 илјади 812 тони свеж зеленчук и овојшје во 114 земји ширум светот и од тоа оствари приходи во износ од вкупно 1 милијарда 207 милиони 84 илјади 507 долари. На прво место се наоѓа Русија, како земја на која и се продадени 455 илјади 190 тони свеж зеленчук и овошје од што се заработени 375 милиони 386 илјади 968 долари.

Весникот „Хурријет“ во веста под  наслов „Развиена е од страна на турски лекар и неговата екипа: Зголемен процентот на успех во борбата против ракот“, информира дека турскиот лекар Јадиѓар Генч кој живее во градот Келн во Германија и неговата екипа развија нова техника на лекување со метод на имунитерапија, а со цел водење борба против ракот. Со овој метод се внесуваат протеини на карцином во воинствени клетки произведени од сопствената крв на заболениот и се користат онколитички вируси, со што во значајна мера е зголемен успехот во лекувањето на ракот.



Слични вести