Турски печат 09.11.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1265768
Турски печат 09.11.2019

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Чавушоглу разговараше со својот ирански колега“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера оствари телефонски разговор со својот колега, иранскиот министер за надворшени работи Џевад Зариф. Во телефонскиот разговор станало збор за состанокот од процесот од Астана и формирањето на Уставната комисија во Сирија.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Извозот на автомобилскиот сектор во август за зголеми за 8 отсто“, информира дека турскиот автомобилски сектор во месец август оваа година, во споредба со истиот месец минатата година, со остварен раст од 8 отсто фрли потпис на извоз во износ од 1,7 милијарди долари. На тој начин, автомобилскиот сектор го постигна својот втор највисок извоз во месец август, во својата историја.

„Придонесот на директните летови во извозот“ гласи насловот на страниците на весникот „Јени Шафак“, каде што се истакнува дека со директните летови кои што ги започна Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) на почетокот на оваа година е постигнат раст во бројот на туристите кои допатуваа од Мекиско и Демократска Република Конго, како и во извозот за овие земји. Така извозот за Мексико се зголеми за 5 отсто, а извозот за Демократска Република Конго дури за 52 отсто. 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Националната технологија ја издигнува целта кон небото“, пишува дека Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ, кој што ќе има значајно влијание во воздухопловството и вселенските студии на Турција, оваа година ќе се одржи од 17 до 22 септември. Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во врска со организацијата на која се очекува да учествуваат 1 милион лица, рече: „Со ТЕКНОФЕСТ посакуваме воздухопловството и вселената да се претворат во страст кај нашите млади генерации.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турскиот фестивал во Јапонија наиде на голема заинтересираност“, информира дека Турскиот фестивал кој што се одржа во Јапонија наиде на голема посетеност од страна на Јапонците кои покажуваат заинтересираност кон Турција и турската култура. Голема заинтересираност кај Јапонците будеше и настапот на воениот оркестар Мехтер.



Слични вести