Турски печат 03.09.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1262633
Турски печат 03.09.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган говореше на отворањето на новата судска година“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на церемонијата што се одржа вчера во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во претседателската палата во Бештепе, во Анкара, а по повод отворањето на новата судска 2019-2020 година. Претседателот Ердоган истакна дека за заштита на правата и слободите, нивно развивање и земање под гаранција, се подготвува сеопфатен Акционен план за човекови права.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Заедничка операција од Турските вооружени сили и Националната разузнавачка служба“, пишува дека во координација на Турските вооружени сили (ТВС) и Националната разузнавачка служба (МИТ) вчера беше реализирана воздушна операција на областа Хакурк во северниот дел на Ирак во која беа неутрализирани 5 мина терористи.

„Емине Ердоган го прошета езерото Салда“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, каде што се истакнува дека сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Емине Ердоган, вчера заедно со министерот за животна средина и урбанизација Мурат Курум, го прошета езерото Салда кое поради своите бели песоци и тиркизната боја е познато како „Малдиви на Турција“. Овде, г-ѓа Емине Ердоган беше информирана во врска со работите кои што се реализираат на езерото Салда.  

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ѝ Белата Куќа ѝ Ватикан ги краси турскиот мермер“, пишува дека како што истакна претседателот на Извозниците на руда на Истанбул (ИМИБ) Ајдин Динчер Турција располага со значајно место во секторот на природниот камен во светот. Велејќи дека во значајните центри во светот се користи турски природен камен кој што е прочуен по својот квалитет, Динчер рече: „Некои од нив се Белата куќа во САД, Црквата Сан Пиетро во Ватикан, Дизниленд во Австралија.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „26. Меѓународен оперски и балетски фестивал Аспендос започна со 'Кармен' “, информира дека 26. Меѓународен оперски и балетски фестивал Аспендос кој што се одржува во Анталија, започна со операта „Кармен“ на францускиот композитор Жор Бизе. Во рамките на фестивалот, на сцената во Аспендос на 8 септември ќе биде изведено делото „Лебедово езеро“ на Чајковски во кое ќе настапат уметници од Виенската државна опера и балет. На 12 и 13 септември од страна на Државната опера и балет на Анталија ќе биде изведена операта „Аида“ во чии рамки во Аспендос ќе биде претставен антички Египет. Епската опера „Троја“ пак, ќе биде изведена на 16 септември во рамките на ЕКСПО.



Слични вести