Турски печат 23.08.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1257060
Турски печат 23.08.2019

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Остро предупредување од претседателот Ердоган до кипарските Грци“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган покажа реакција на едностраните активности на Кипарско-грчката управа за истражување на јаглеводородни извори во Источниот Медитеран. Потсетувајќи дека поради зулумот што го вршеа кипарските Грци на островот во минатото Турција во 1974 година ја реализира Мировната операција на Кипар, претседателот Ердоган рече: „Ако има такви кои не добиле лекција од случувањата би сакал да се знае дека нема да се воздржиме да им ги дадеме потребните одговори и ним.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „При крај се техничките работи за безбедната зона“, информира дека продолжува одбројувањето за Безбедната зона во северниот дел на Сирија за која се планира да се формира во координација помеѓу Турција и САД. По анализите на теренот, со завршување на работите кои што се во завршна фаза и на масата од технички аспект, ќе започне да работи со полн капацитет Заедничкиот оперативен центар со кој што ќе раководат заедно САД и Турција.

„Се издигнуваат кулите во мега проектот кој што ќе биде најголем во светот“ гласи насловот на страниците на весникот „Хабертурк“, каде што се вели дека продолжуваат да се издигнуваат столбовите високи 318 метри на кулите кои што беа потопени пред 3 месеци на европскиот и азискиот брег на „Мостот Чанаккале 1915“ кој што се гради над морскиот теснец Чанаккале (Дарданелите). Над кулите се поставени и првите блокови на столбовите високи 318 метри кои ќе се издигнуваат од морето на бреговите на Гелиболу и Лапсеки на „Мостот Чанаккале 1915“. Растојанието помеѓу столбовите на мостот ќе изнесува 2.023 метри и со тоа ќе биде висечки мост со најголем размак помеѓу кулите на еден мост во светот.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Турскиот градежен сектор втор во светот по големина“, пишува дека и покрај стагнацијата која што продолжува на глобалниот пазар и растечките ризици, Турција со 44 фирми е рангирана на второ место на списокот на списанието за меѓународен градежен сектор „ENR“ под наслов „Најголемите 250 меѓународни градежни фирми во светот“. Вкупниот удел на пазарот на турските фирми во списокот за 2018 година изнесува 4,6 отсто.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Потег за вештачка интелигенција од Турција“, им одделува место на изјавите на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој рече: „Планираме да формираме Институт за вештачка интелигенција во склопот на ТУБИТАК (Институцијата за научно-технолошки истражувања). Овој институт ќе развива основни технологии во сферата на вештачката интелигенција.“ Велејќи дека Турција ги мобилизира сите свои можности за да стане една од централните земји во новите технологии, министерот Варанк напомена дека се водат активности за зголемување на бројот на инвестирањата во оваа сфера, а како што рече со цел да се даде поддршка на работите за истражување и развој и иновација на фирмите кои развиваат дигитални технологии. 

 



Слични вести