Турски печат 16.08.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1253437
Турски печат 16.08.2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Изјава од Чавушоглу во врска со безбедната зона“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој во врска со поситигнатиот компромис со САД за безбедната зона за која што се планира да се формира во северниот дел на Сирија го рече следното: „Трамп вети 20 милји. Целта овде е терористичката организација ЈПГ/ПКК да се извади од безбедната зона. САД ја продолжуваат помошта во оружје. Треба да бидат искрени и да разберат дека процесот на одолговлечување нема да се толерира од страна на Турција.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ридовите од виножито наидуваат на заинтересираност кај странските туристи“, пишува дека странските туристи покажуваат заинтерсираност кон ридовите од виножито во градот Игдир кои се наоѓаат меѓу природните убавини на кои што им има ретко слични во светот. Ридовите од виножито на земјиштето со површина од илјадници хетари во западниот дел на населеното место Тузлуџа кај градот Игдир, кои што располагаат со градба на земјиште со тонови на црвена, кафеава, сива и жолта боја, формираат спектакуларни слики. Овие ридови кои што наликуваат на виножито му придаваат богатство на туристичкиот потенцијал на подрачјето и со онаа колоритност, џумбуш од бои, ги засенуваат очите на посетителите. 

„Џиновски брод донесе 3.100 туристи во Кушадаси“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, каде што се истакнува дека 3.100 туристи кои се наоѓаа на бродот за крстарење, крузер, кој што пловеше под холандско знаме и дојдоа во познатото туристичко одморалиште населеното место Кушадаси кај градот Ајдин, доведоа до раздвиженост во туризмот. Туристите кои вчера утрото слегоа од бродот "Koningsdam" во пристаништето „Ege Port“ беа пречекани од страна на фолклорни екипи. Дојдоа 3.100 туристи и 1.200 членови на посадата кои се наоѓаа на џиновскиот брод за крстарење крузер долг 296 метри, широк 38 метри и тежок 99.500 гростони.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Навалија стотици илјади лица“, пишува дека во езерото Салда кое се наоѓа во градот Бурдур и со својата плажа со бела боја, чистата вода со тиркизна боја е познато и како „Малдиви на Турција“, за време на Бајрам навалија голем број посетители. Езерото Салда од почетокот на годината досега е посетено од страна на над 600 илјади лица и го зазеде своето место меѓу најизбираните рути за посета и за време на бајрамскиот одмор.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Романската пејачка Отилиа Брума: Турција е мојата втора татковина“ им одделува место на изјавите на романската пејачка Отилиа Брума која истакна дека многу ги сака Турција и Бодрум и вели дека Турција е нејзината втора татковина. Отилиа приреди концерт во познатото туристичко одморалиште Бодрум и им приреди една извонредна ноќ и забава на домашните и странските посетители. Отилиа испеа и една турска песна.

 



Слични вести