Турски печат 15.08.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1252746
Турски печат 15.08.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган разговараше со својот индонезиски колега“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера оствари телефонски разговор со индонезискиот претседател Јоко Видодо. Во телефонскиот разговор Ердоган и Видодо си го честитаа муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерството за национална одбрана официјално соопшти: Нашите беспилотни летала 'ИХА' почнаа да ја извршуваат својата задача во подрачјето“, информира дека во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во рамките на работите за формирање на Безбедната зона во северниот дел на Сирија, турските беспилотни летала „ИХА“ почнаа да ја извршуваат својата задача во подрачјето.

„Заврши 95-отсто од изградбата на приемниот терминал на Турски тек“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, каде што се вели дека се завршени 95 отсто од градежните работи во приемниот терминал во Кијиќој на црноморскиот брег на Тракија, од гасоводот Турски тек со кој што рускиот гас ќе се испорачува во Турција, а оттука до Европа. Во објавеното соопштение од компанијата која ја реализира изградбата на гасоводниот проект Турски тек, се истакнува дека работите напредуваат согласно календарот и дека протокот на природниот гас се предвидува да започне на крајот на 2019 година. 

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Туризам со бродови за крстарење во Мугла“, пишува дека во познатото туристичко одморалиште Мармарис кај градот Мугла во рамките на крстарењето, т.ј. патувањето по Средоземното Море, пристигна бродот за крстарење крузер по име „Horizon“ кој што плови под знамето на Малта. На овој џиновски крузер кој што се доближи на големата скела на пристаништето „Marmaris Cruise Port“ се наоѓаа 1.610 туристи од кои повеќето Шпанци и 607 членови на посадата.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Плажата со туркизна сина боја за 4 дена пречека 25 илјади посетители“ информира дека деновиве кога познатото туристичко одморалиште Каш кај Анталија во текот на Курбан Бајрам беше исполнет со туристи кои дојдоа на одмор, плажата Капуташ која се наоѓа помеѓу Каш и Калкан ги доживува своите историски денови. Оваа плажа која што е позната по морето со туркизна боја, во текот на денот Арифе и потоа во текот на Курбан Бајрам пречека приближно 25 илјади лица.

 



Слични вести