Турски печат 09.08.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1250468
Турски печат 09.08.2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Изјава од министерот Чавушоглу во врска со безбедната зона“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој истакна дека постигнатиот компромис со САД во врска со безбедната зона во северниот дел на Сирија претставува добар почеток и рече: „Нема да дозволиме оваа работа да се претвори во патна карта за Менбич и да се влезе во процес на одолговлечување.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Акар: Апсолутно нема да се замижи пред насилното одземање на правата на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК)“ информира дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно и со началникот на генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на родовите, вчера беше во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Овде министерот Хулуси Акар рече: „Турција секогаш ги бранела и ќе продолжи да ги брани како сопствените легитимни права и интереси, така и легитимните права и интереси на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).“

„Навалија во Кападокија“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, каде што се вели дека областа Кападокија, едниот од најзначајните туристички центри на Турција, во текот на месец јули оваа година ја посетија 393 илјади 728 домашни и странски туристи. Во фокусот на интересирањето на домашните и странските туристи во јули повторно беше Музејот под отворено небо Ѓореме.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „За прв пат во Турција започна на Истанбулскиот аеродром“, информира дека два роботи почнаа да им пружаат услуга за информации на патниците во терминалот на Истанбулскиот аеродром.  По завршување на времето на тестирање бројот на роботите за информации кои за прв пат во Турција се на задача на Истанбулскиот аеродром, ќе се зголеми на 4 и оваа примена на аеродромот ќе биде трајна. Роботите од домашно производство одговараат на прашањата на патниците на турски и англиски јазик и ги усмеруваат патниците усмено и со информации кои што ги прикажуваат на своите екрани.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Објава за Турција од Џенифер Лопез“, пишува дека објавата која што ја сподели светски познатата пејачка Џенифер Лопез на својот профил на социјалната медија во врска со нејзиниот концерт во Анталија, за 11 часа беше видена од страна на повеќе од 4,5 милиони лица и доби десетици илјади коментари. На тој начин, Џенифер Лопез која на 6 август приреди концерт во Анталија, со оваа нејзина објава преку социјалната медија придонесе и за презентацијата на Анталија и Турција.



Слични вести