Турски печат 07.08. 2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1249141
Турски печат 07.08. 2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Флеш изјава од претседателот Ердоган за безбедната зона“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во претседателската палата во Анкара говореше на 11. Амбасадорска конференција. Овде претседателот Ердоган во својот говор во врска со безбедната зона за која што се планира да се формира во Сирија рече: „Пресушувањето на терористичкото мочуриште во северниот дел на Сирија претставува најприоритетно прашање за нашата земја. Процесот кој што го започнавме со операциите Еуфратски штит и маслиново гранче, Иншаллах (со Аллахова помош и поддршка) наскоро ќе го пренесеме во различна фаза.“ 

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Доаѓа домашниот и национален летечки автомобил“, информира дека техничкиот директор на Бајкар (CTO) и претседател на Одборот на доверители на Фондацијата Тим за технологија на Турција (Фондацијата Т3) Селчук Бајрактар, соопшти дека е подготвен првиот национален летечки автомобил на Турција. На летечкиот автомобил чиј прототип е подготвен, му е дадено името „ЏЕЗЕРИ“. Селчук Бајкрактар информира дека откако ќе заврши производството на прототипот, првиот национален летечки автомобил на Турција „ЏЕЗЕРИ“ ќе оствари демонстративен лет на Фестивалот за воздухопловство, вселена и тенологија ТЕКНОФЕСТ.

„Турските научини својата рута ја свртеа кон Северниот пол“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, каде што се вели дека турските научници кои успешно ги завршија своите мисии на Антарктикот, ја реализираа првата турска научна мисија на Арктикот и кон својата рута на истражување го приклучија и Северниот пол. Во тие рамки, во месец јули со екипа под водство на Центарот Uyg-Ar за Поларни истражувања при Истанбулскиот техички универзитет (İTÜ) и со спонзорство на турската Иш Банка, е реализирана првата турска научна мисија на Арктикот. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „За 7 месеци по воздушен пат се превезени 117 милиони патници“, пишува дека бројот на лицата кои патуваа по воздушен пат во Турција за 7 месеци годинава изнесува 116 милиони 858 илјади 460. Во наведениот период од 7 месеци на Истанбулскиот аеродром им беше пружана услуга на 22 милиони 143 илјади 50 патници.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Свежите смокви ќе летаат за Далечниот исток“, информира дека извозниците кои за оваа година планираат да остварат извоз на свежи смокви во износ од 50 милиони долари, се подготвуваат на пазарот на Далечниот Исток да влезат со воздушен транспорт. Претседателот на Унијата на извозниците на свежо овошје и свеж зеленчук од Егејот Хајреттин Учак привлече внимание дека со секоја година расте извозот со воздушен транспорт и рече: „Оваа година со воздушен транспорт планираме да оствариме извоз на свежи смокви во износ од 5 милиони долари. Поголемиот дел од овој извоз имаме за цел да го оствариме на пазарот на Далечниот Исток.“

 



Слични вести