Турски печат 05.08.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1247781
Турски печат 05.08.2019

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган: Ќе влеземе во источниот дел на Еуфрат“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган даде сигнал за воена операција во источниот дел на реката Еуфрат. Претседателот Ердоган рече: „Влеговме во Африн, Џераблус и Ал Баб. Сега ќе влеземе и во источниот дел на реката Еуфрат. Ние тоа го споделивме со  Русија и Соединетите Американски Држави (САД).“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Предадените членови на ПКК: Оние кои пристапуваат кон организацијата запаѓаат во разочарување“, им одделува место на изјавите на двајца терористи на ПКК кои им се предале на безбедносните сили, а кои истакнале дека терористичката организација за привлекување на младите кон своите редови вршела различна пропаганда со нивно психолошко убедување, меѓутоа сите оние млади кои се приклучувале кон организацијата потоа запаѓале во разочарување, го согледувале нејзиното вистинско лице и се труделе во првата укажана прилика да избегаат.  

„Посетителите од таа земја соборија рекорд! Бројката достигна до милиони“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, каде што се вели дека познатиот туристички центар Анталија кој оваа година соборува рекорди, во периодот јануари-јули оваа година во споредба со истиот период минатата година со остварен раст од 16 отсто, пречека 8 милиони 193 иолјади 924 странски туристи. Според земји од кои пристигнаа најголем број туристи во наведениот период, на прво место се наоѓа Русија, а по неја следуваат Германија и Украина.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Познатиот милијардер Џеф Безос дојде во Ѓочек со луксузна јахта“, пишува дека основачот на Амазон Џеф Безос кој го поминува својот одмор во близина на Бодрум, Датча и Мармарис кај Селимије, со луксузната јахта по име „Flying Fox“ се укотви во близина на познатото туристичко одморалиште Ѓочек кај Фетхије. Како што се истакнува, Безос се одморал на луксузната јахта за која што е дознаено дека била во сопственост на една германска фирма и чие дневно издавање изнесувало 400 илјади евра. 

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Чакабеј, Светската научна награда на Гугл ја донесе во Турција“ информира дека ученикот гимназијалец во 11-то одделение од Измир Туан Долмен стана добитник на едната од петте награди кои што се доделуваат во глобални рамки, на Онлајн научниот саем „Google Science Fair“ во организација на Гугл, а на кој учествувале учесници од над 120 земји во светот. На земјоделскиот модул развиен од страна на турскиот гимназијалец Туан Долмен, а кој што вибрациите на дрвјата ги претвара во енергија, му е доделена наградата „Scientific American Innovator“.

 

 



Слични вести