Турски печат 19.07.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1238631
Турски печат 19.07.2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Исмаил Демир: Турција се додека не биде приморена, нема да купува странска опрема“, пишува дека претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир во врска со развојот на настаните со програмата Ф-35 истакна дека Турција стои зад договорите кои шти ги склучува и потписите кои што ги фрла. Демир рече: „Турција веќе се додека не биде приморена и не мора, нема да купува ништо од надвор. Ќе ја поддржува сопствената национална и домашна индустрија.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Песков: Турските мајстори прават многу вкусен бурек“, им одделува место на изјавите на портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кој по испораката на ракетните С-400 на Турција, истакнал дека ќе чувствува задоволство од испраќањето до рускиот претседател Владимир Путин на бурекот кој што го подготвил мајсторот за бурек од градот Бурса Хасан Аџар од чија страна е подготвен најдолгиот бурек на светот. Според веста, Песков велејќи „Турските мајстори прават многу убав бурек“ истакнал дека меѓутоа не знае ништо во врска со процесот на испраќање на бурекот до претседателот Путин. 

„Заврши изградбата на постројката GES (за соларна електрична енергија) на најголемата пречистителна станица во светот“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, каде што се вели дека во градот Јалова е завршен проектот за изградба на пречистителна постројка која инаку е прва постројка во Турција и најголема постројка во светот по производството на сопствената електрична енергија од сонце. Постројката во која се користат 3.360 сончеви панели, сопствената електрична енергија ќе ја произведува самата.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Националното наоружано беспилотно летало 'СИХА' ТБ2 собори рекорд во пустините на Кувајт“, информира дека националното наоружано беспилотно летало „СИХА“ ТБ2 на пробниот лет во Кувајт го собори сопствениот рекорд на национално беспилотно летало со најдолг лет. Националното наоружано беспилотно летало „СИХА“ ТБ2 во Кувајт леташе под многу тешки географски и климатски услови, како висока температура и песочна бура, при што со реализиран непрекинат лет од точно 27 часа и 3 минути фрли потпис на еден мошне значаен успех.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Младиот турски физичар кој дизајнира фузиски реактор, го посети Чернобил“, пишува дека младиот турски физичар 18 годишниот Атеш Феттахоглу кој успеа да го вклучи нуклеарниот фузиски реактор кој што го дизајнира самиот, во рамките на манифестацијата организирана од страна на Анкарскиот универзитет заедно со 24 научници, во својство на најмлад нуклеарен физичар на Турција, го посети Чернобил. Реакторот развиен од страна на младиот Атеш Феттахоглу беше одобрен и од страна на инженерите, така што тој се најде во фокусот на интересирањето и на телевизиските канали во Украина.



Слични вести