Турски печат 12.07.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1234560
Турски печат 12.07.2019

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Порака за Сребреница од Ердоган“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера по повод одбележувањето на 24. годишнина од извршениот геноцид во Сребреница, во Босна и Херцеговина, сподели објава на својата сметка на социјалната мрежа Твитер. Ердоган во пораката напиша: „Никогаш во историјата нема да се заборави геноцидот што беше извршен во Сребреница, пред очите на Европа, во кој настрадаа 8.372 невини лица. На 24. годишнина од геноцидот во Сребреница, на моите браќа од Босна им посакувам милост од Аллах, го изразувам моето сочувство до босанскиот народ.“

Весникот „Хурријет“ во веста под анслов „Извоз на цреши од Турција за Кина“, информира дека Турција оваа година за прв пат доби дозвола за извоз на цреши во Кина и оствари извоз на цреши за оваа земја во износ од 1 милион 380 илјади долари. За Хонгконг пак, со раст од 76 отсто во споредба со минатата година, оваа година се испратени турски цреши во износ од 3 милиони 357 илјади долари.

„На аеродромот Есенбога за 6 месеци им е пружана услуга на 7 милиони патници“ гласи насловот на страниците на весникот „Сабах“, каде што се вели дека на аеродромот Есенбога во Анкара минатиот месец (јуни) им е пружана услуга на 1 милион 180 илјади патници, а за 6 месеци им е пружана услуга на приближно 7 милиони патници. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Шампион во порастот на извозот стана одбранбената и воздухопловната индустрија“ пишува дека секторот за одбранбена и воздухопловна индустрија на Турција, во првата половина од оваа година споредено со истиот шест месечен период минатата 2018 година, го зголеми звојот извоз за 41,4 отсто и го покачи на 1,3 милијарди долари. Извозот во одбранбената и воздухопловната индустрија за САД се зголеми за 17,8 отсто и оваа земја се најде на првото место, во која е остварен извоз во износ од 403 милиони 583 илјади долари. 

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Џејсон Деруло приреди концерт во Анталија“ информира дека американскиот пејач и актер Џејсон Деруло се сретна со своите љубители во познатиот туристички центар Анталија. Деруло настапи во склопот на концертот „Regnum Live in Concert 2019“. Концертот го гледаа голем број домашни и странски туристи и младиот американски пејач Деруло имаше извонреден настап пред голем број љубители на музиката и обожаватели на неговите песни кои пееја заедно со него.



Слични вести