Турски печат 11.07.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција

1233896
Турски печат 11.07.2019

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Одговор од Министерството за надворшени работи, на изјавата на САД во врска со С-400“, пишува дека портпаролот на Министерство за надворешни работи Хами Аксој во врска со изјавата на портпаролот на американскиот Државен Секретаријат Морган Ортагус околу набавката на Турција на противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 од Русија, рече: „Ја повикуваме американската страна да избегнува да фрли погрешни чекори кои би им наштетиле на односите, исклучувајќи ги притоа дипломатијата и дијалогот.“ 

Венсикот „Стар“ во веста под наслов „Изјава од министерот Мевлут Чавушголу во врска со Источниот Медитеран“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во изјавата што ја даде вчера во врска со затегнатоста во регионот на Источниот Медитеран рече: „Тоа е суверено право на Турција. Никој нема право да коментира. За тоа што ќе прави во сопствениот континентален гребен одлучува Турција. Ние делуваме во согласност со меѓународното право. Ќе ги продолжиме нашите активности за дупчење (сондажа).“

„Продолжуваат подготовките за третата писта на Истанбулскиот аеродром“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, каде што се вели дека со изградбата на третата писта за која што се планира да биде ставена во употреба во втората половина на 2020 година, Истанбулскиот аеродром ќе стане првиот аеродром во Турција, а втор аеродром во Европа по аеродромот во Амстердам, кој што ќе може да оперира паралелно со три независни писти. Благодарение на новата писта, капацитетот на воздушниот сообраќај на Истанбулскиот аеродром од 80 полетувања и слетувања на час ќе се зголеми на 120 полетувања и слетувања, а воедно со завршување на изградбата на оваа трета писта ќе се намали и времето на чекање на авионите за полетување за 50 отсто.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Флаин Фокс дојде во Турција“, пишува дека јахтата „Флаин Фокс“ која е меѓу најдолгите јахти на светот пристигна во познатото туристичко одморалиште населеното место Мармарис, кај градот Мугла. Како што се дознава, јахтата „Флаин Фокс“ која што дошла од туристичкото одморалиште Датча ги шета по Егејското Море Дмитриј Каменшчик, едниот од најбогатите бизнисмени на Русија и други гости од Русија, Велика Британија, Франција и Украина.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Награда за Анадолу Ефес од Лига Европа“, информира дека турската кошаркарска екипа Анадолу Ефес, во рамките на „Маркетинг наградите на Лига Европа за посветеност“ каде што се вреднуваат екипите со остварен најдобар маркетинг во Европа, беше наградена со сребрена награда. Според објавеното соопштение од лилјаково-белата екипа, на крајот од истражувањето во чии рамки беа вреднувани активностите за маркетинг на вкупно 40 екипи од кои 16 од Лига на Европа на Туркиш Ерлајнс и 24 од Европскиот куп на УЛЕБ, турската кошаркарска екипа Анадолу Ефес, доби сребрена награда. Литванската екипа Жалгирис беше наградена со златна награда, а бронзената награда и припадна на германската екипа Баерн Минхен.



Слични вести