Турски печат 10.07.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1233103
Турски печат 10.07.2019

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов Значајни пораки од претседателот Ердоган од Сараево“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа вчера на Самитот на Процесот за соработка во југоисточна Европа (SEECP), во Сараево, во Босна и Херцеговина рече: „Додека земјите на Европската унија (ЕУ) не можат да се согласат дури и во квотите за бегалците, за прием на само десетина бегалци, Турција е домаќин на повеќе од 4 милиони бегалци.“ Велејќи дека Турција дава огромен придонес со непроценлива вредност за безбедноста на целиот европски континент, а пред се на балканските земји, Ердоган го додаде следното: „Меѓутоа, во овој тежок процес не можевме да ја видиме и добиеме очекуваната поддршка и хуманитарен став од нашите европски пријатели. Не беа исполнети ветувањата кои што и беа дадени на нашата земја за потребите на сириските бегалци.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција станува логистичка база на светот“, информира дека Турција која се наоѓа на крстопатот на Современиот Пат на свилата за кој што се настојува повторно да биде заживеан помеѓу Азија и Европа, во рамките на проектот на железничкиот пат кој што се протега од Кина до Велика Британија, формира 21 лигистички центар. 9 од овие логистички центри се завршени и тие ќе бидат база на дневен проток на стока во износ од 2 милијарди долари.

„Ќе биде воведена Дигитална валута на Централната банка“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, каде што се вели дека согласно 11-от План за развој, за да се формира финансиски сектор во Турција со силна институционална градба ќе се оди на разноликување на инструментите. Според тоа, ќе се воведе Дигитална валута на Централната банка со база на блок-ланец.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турски научник со 'системот за препознавање на лице' стигна до Г-20 и ОН“, пишува дека системот за препознавање на лице развиен и произведен од страна на турскиот научник доцент доктор Сади Вуран кој што воедно се користи во 30 земји, за време на лидерскиот самит на Г-20 што беше одржан минатата година во Аргентина беше употребен за прв пат со цел да се утврди дали шефовите на држави кои учествуваа на самитот користат свои дублери. Истиот систем беше користен и во работите за воспоставување на пограничната безбедност од страна на Обединетите нации (ОН). 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Уметноста ќе стане светлина за бегалците“, информира дека Истанбул е домаќин на 1. Меѓународен фестивал „Уметноста светлина на цивилизациите“. На фестивалот кој што оваа година се одржува за прв пат учествуваат 250 уметници од 25 земји, а пред се од земји од Блискиот исток. Сите приходи кои што ќе бидат обезбедени од фестивалот ќе бидат наменети за сириските бегалци.



Слични вести