Турски печат 09.07.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1232569
Турски печат 09.07.2019

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ердоган: С-400 се товарат на авиони“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера предпладне пред да отпатува за Босна и Херцеговина за самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), на аеродромот Ататурк во Истанбул даде изјави во врска со предавањето на противвоздушно одбранбените системи С-400 на Турција. Претседателот Ердоган рече: „Моментално продолжуваат подготовките за патувањето. Продолжуваат работите за нивно товарење. Плановите за нивното распоредување, каде ќе бидат стационирани, одговорноста по ова прашање е кај нашето Министерство за национална одбрана и нашиот Генералштаб. Посакувме да биде ајирлија за нашата земја и за светот.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Акцент од Ердоган преку социјалната медија во врска со 15 јули“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својата официјална сметка на Твитер како профилна фотографија го постави новото подготвено лого за 15 јули, кое што ќе се користи на манифестациите што ќе се одржат под координација на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателството, а во рамките на одбележувањето на 3. годишнина од 15 јули Денот на демократијата и националното единство. 

„Турските филмови се посрдечни од американските“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, каде што се вели дека претседателот на Академијата за филмски уметности и науки Џон Бејли кој ги доделува Оскар наградите и кој допатуа во Истанбул каде што ќе членува во независното жири на „Сценариските денови на ТРТ 12 Пунто“, во оваа пригода рече: „Мошне ги засакав и сум воодушевен од турските филмови. Многу се различни од американските филмови. Тие се посрдечни, во нив има атмосфера на тишина и емотивност.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Кањонот Арапапишти импресионира“, пишува дека кањонот Арапапишти во населеното место Боздоган кај градот Ајдин е омилено место за посета за домашните и странските туристи. Кањонот Арапапишти се наоѓа на тромеѓето меѓу градовите Ајдин, Денизли и Мугла и се оценува како осмо светско чудо. Кањонот се наоѓа на браната Кемер, место кое што во април 2017 година беше отворено за посета и каде започнаа пловидби со чамци. Ова место кое што импресионира секојдневно е посетувано од страна на просечно по две илјади посетители.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Авионот на Туркиш Ерлајнс 'Мачка' во спомен на Ерен Булбул леташе за Трабзон“, информира дека патничкиот авион по име „Мачка“ од типот Боинг 787-9 Дримлајнер (авион од соништата) кој се приклучи кон флотата на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс), во спомен на 16 годишното момче Ерен Булбул кој беше убиен од страна на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, својот прв лет го оствари на линијата Истанбул-Трабзон.



Слични вести