Турски печат 08.07.2019

Евер ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1231911
Турски печат 08.07.2019

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Заедничка операција од МИТ и ТВС: Неутрализиран висок член на ПКК“, пишува дека во реализирана заедничка операција од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили (ТВС) на планината Кандил во северниот дел на Ирак, е неутрализиран висок член на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК по име Дијар Гарип Мухамед (Diyar Ghareeb Mohammed) еден од членовите на т.н. Претседателски и извршен совет на терористичката организација. Операцијата привлече внимание по тоа што за прв пат е неутрализиран еден висок член т.н. раководител на сепаратистичко-терористичката ПКК на планината Кандил, каде што се наоѓа т.н. штаб на оваа терористичка организација.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Атак од Турција за домашен лек“, им одделува место на изјавите на министерот за здравство Фахреттин Коџа кој рече: „Порцентот на национализирање во лековите изнесува 48 отсто, односно нашата зависност од надвор изнесува 52 отсто. Во наредниот период ќе применуваме стратегија и приоди со кои што со секој поминат ден ќе се зголеми националирањето и ќе се намали зависноста од надвор во лекови, медицинакси уреди и вакцина. И ние сме крајно одлучни по ова прашање.“

„Бродот Јавуз почна да одбројува за дупчење“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, каде што им се оделува место на изјавите на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез кој истакна дека бродот за дупчење Јавуз беше испратен минатата недела од Гебзе и рече: „Моментално во Ташуџу кај Мерсин се реализираат неопходните дотури и набавки, како и последните контроли на бродот. Се надеваме дека во текот на оваа недела ќе го започнеме првото дупчење со бродот Јавуз во Карпаз, во зоната, на добиената дозвола од Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Источниот Медитеран.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „За 6 месеци аеродромите во Истанбул пречекаа 48 милиони патници“, пишува дека од и за аеродромите во Истанбул како град кој се наоѓа меѓу најзначајните центри за воздухопловство во светот, во перидот од 6 месеци оваа година со реализирани 337 илјади 218 домашни и меѓународни летови, патуваа вкупно 48 милиони 763 илајди 184 патници.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турција лидер во производството и извозот на суви кајсии“ им одделува место на изјавите на генералниот директор за земјоделски истражувања и политики (ТАГЕМ) при Министерството за земјоделство и шумарство Озкан Кајаџа кој истакна дека Турција обезбедува 63 отсто од производството на суви кајсии во светот. Тој рече: „Турција е лидер во производството и извозот на суви кајсии“.



Слични вести