Турски печат 04.07.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1229796
Турски печат 04.07.2019

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган: Треба да изградиме глобален свет во кој ќе владее правото“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на 8-та церемонија на дипломирање на меѓународните студенти рече: „Каде и да живеете и со што и да се бавите, никогаш немојте да ја раскинете вашата врска со оваа земја и едни со други. Она што е најзначајно е вашиот заеднички јазик. Треба да работиме сите заедно се додека да изградиме глобален поред во кој ќе владее правото.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Првото прикажување на документарниот филм за ФЕТО е остварено во Белгија“, информира дека во рамките на еден проект започнат од страна на Претседателството за комуникации во кабинетот на претседателот, а подготвен од страна на ТРТ Ворлд (TRT World), во главниот град на Белгија, Брисел беше остварено специјално прикажување на документарниот филм „The Network“ во кој што се раскажува за вистинското и мрачно лице на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

„Напорите на Русија и Турција се елемент на меѓународна стабилност“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, каде што им се одделува место на изјавите на рускиот претседател Владимир Путин кој истакна дека напорите на неговата земја и Турција во Сирија се значаен елемент на меѓународната стабилност. Путин на приемот на акредитивното писмо на новонаименуваниот амбасадор на Турција во Москва Мехмет Самсар истакна дека партнерството помеѓу двете земји е достигнато до стратешко ниво и дека се во постојана комуникација со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Нови сетови за патување за патниците од Туркиш Ерлајнс“,пишува дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) ги стави во услуга на своите патници специјално подготвените сетови за патување од страна на Версаџе и Мендарина Дак. Во овие сетови има чорапи, тампон за уши, развиена маска за очи и предупредувачки стикери, потоа балсам за усни Версаче, крем за раце, спреј за лице и шнола за коса. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Соборен нов рекорд во бројот на патници на Истанбулскиот аеродром“, информира дека Истанбулскиот аеродром, како еден од најголемите проекти на Турција, освен соборениот рекорд во летови, собори рекорд и во бројот на патници. Од 6 април 2019 година досега се реализирани 100 илјади летови на домашни и меѓународни линии, а воедно Истанбулскиот аеродром го користеа вкупно 15 милиони 988 илјади 748 патници, што претставува нов рекорд.



Слични вести