Турски печат 01.07.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1227725
Турски печат 01.07.2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Предупредување од претседателот Ердоган во Јапонија, во врска со ФЕТО“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на програмата на состанување со турската заедница на Форумот за култура на Универзитетот Бунри во јапонскиот град Нагоја даде значајни изјави. Ердоган рече: „Не треба да дозволиме членовите на ФЕТО обземени од амбиција, гнев, злоба и омраза да го зацрнат угледот на нашата земја. Очекуваме поддршка од вас во оваа наша борба против оваа крволочна терористичка организација. Она што се ПКК и ДХКП-Џ, тоа е и ФЕТО, меѓу нив нема никаква разлика. Доколку делуваме во солидарност не постои ниту една тешкотија која што не би можеле да ја надминеме.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Остро предупредување од министерството за надворешни работи против Либија“, информира дека министерството за надворешни работи на Турција предупреди дека доколку не бидат ослободени турските граѓани кои се држат од страна на силите на Халифа Хафтар во Либија, елементите на Хафтар ќе бидат поставени како „легитимна цел“ за напад. 

„Рекорд во Анталија“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, каде што се вели дека на 29 јуни во саботата во познатиот туристички центар Анталија по воздушен пат се дојдени вкупно 90 илјади 889 туристи, со што е соборен рекордот на дневен влез на туристи во градот, на сите времиња.  Во месец јуни пак, е соборен третиот по ред рекорд на дневен влез во Анталија.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Бродот за дупчење Јавуз во близина на Мерсин“, пишува дека вториот брод на Турција  за дупчење „Јавуз“ вчера се укотви во близина на Мерсин. Како што се дознава, бродот кој што чека во близина на месноста Ташуџу кај населеното место Силифке кај Мерсин за дотур, откако ќе ги заврши своите подготовки во рамките на работите за дупчење повторно ќе отплови во околината на островот Кипар.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Златен медал од Бусе Наз Чакироглу“, информира дека последниот ден од Европските игри 2019 во главниот град на Белорусија Минск турската боксерка репрезентативка Бусе Наз Чакироглу во финалето во категоријата до 51 килограм, играше против руската боксерка Светлана Солуианова. Бусе Наз Чакироглу својата противничка ја победи со резултат од 4:1 и се закити со златен медал.



Слични вести