Турски печат 26.06.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1225193
Турски печат 26.06.2019

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ердоган: Франција нема надлежност да зборува во врска со Источниот Медитеран“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со изјавите на Франција околу случувањата во Источниот Медитеран рече: „Франција нема никакво право на збор во врска со ова. Овде зборува Турција, Таа е земја гарант. Зборуваат Грција и Велика Британија, како гаранторски земји. Меѓутоа, Ти, Франција не можеш да зборуваш, Ти немаш таква надлежност.“  

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Ердоган: С-400 ќе почнеме да ги добиваме од наредниот месец“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган даде изјави по прашањето на купените противвоздушно одбранбени системи С-400 од Русија. Велејќи „Нашата врата е постојано отворена и за различни алтернативи по прашањето на нашите безбедносни потреби“, претседателот Ердоган рече: „Турција не мора да зема дозвола по ова прашање и нема да потклекне поготово пред притисоците. Прашањето со С-400 е прашање директно поврзано со нашите суверени права и нема да отстапиме од тоа.“

„Турција за 5 години ќе го произведе сопствениот одбранбен систем“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, каде што се вели дека Турција која во операцијата „Шепа“ („Пенче“) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК вгнездена во северниот дел на Ирак ги користи проектилите Бора, демонстрираше сила. Според експерти, Турција 30 години како развива проектили и за 5 години ќе достигне до технологија на производство на руските противвоздушно одбранбени системи С-400. Согласно тоа ќе продолжат работите за усовршување на ракетите Бора кои што моментално се со дострел од 280 километри, до дострел од 1000 километри.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „По руските полицајци, во Турција ќе можат да дојдат на одмор и руските војници“, пишува дека Русија во 2014 година им забрани на вработените во министерството за внатрешни работи да одат на одмор во земјите членки на НАТО и во овој список на забранети земји ја внесе и Турција. По неколку години е донесена одлука со која што им се овозможува на вработените службеници за безбедност во руското министерство за внатрешни работи да одат на одмор во Турција. По оваа одлука пристигна уште една вест. Русија по полицајците, се подготвува да им дозволи да одат на одмор во Турција и на своите војници.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Награда 'Најдобар меѓународен проект' за Зираат банката“, информира дека Зираат банката стана добитник на наградата „Најдобар меѓународен проект“ која што се доделува од страна на „Financial Services Forum Product & Service Innovation 2019“, а со која се наградуваат најдобрите во финансискиот свет. Зираат банката наградата ја доби заради своите успешни достигнувања во прашања како што се искуство со клиенти, верност, анализа на податоци и трансформација на работна сила и со пласирање во финалето со свои проекти. 

 



Слични вести