Турски печат 14.06.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1218355
Турски печат 14.06.2019

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Одговор од Чавушоглу на писмото на САД за С-400“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу  на писмото кое беше испратено од страна на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со противвоздушно одбранбените системи С-400, одговори со следните зборови: „Не го прифаќаме стилот на кое е напишано ова писмо. Никој не може да и поставува ултиматум на Турција. Турција ги купи С-400 и тие ќе дојдат во Турција. Турција нема да се откаже од своите донесени одлуки, поради видови писма.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Најсилните армии во светот“, информира дека е познат редоследот на најсилните армии во светот кој што се очекуваше со заинтересираност. Веб порталот „Globalfirepower“ разгледувајќи ги податоците како што се бројот на војници, военото оружје, економската моќ и стратешката местоположба ги рангира армиите на земјите. Така според рангирањето на овој веб портал кој што долги години ги собира сиве овие наведени податоци, турската армија се наоѓа меѓу најсилните армии во светот. На листата на 50 најсилни армии во светот, Турција се наоѓа на 9’тото место.

„Протечеа пари во Турција! Странски инвеститори...“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, каде што се вели дека глобалните директни странски инвестиции во 2018 година опаднаа за 13 отсто и се наоѓаа на ниво од околу 1,3 трилиони долари. Од друга страна, Турција во 2018 година стана земја која привлече најмногу странски инвестиции во регионот на Западна Азија. Директните странски инвестиции во Турција во 2018 година, со раст од 13 отсто изнесуваа 13 милијарди долари.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Полета првиот ‘авион од соништата’ на Туркиш Ерлајнс“, информира дека полета првиот авион на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) од типот Боинг 787-9 Дримлајнер кој се нарекува „авион од соништата“. Авионот со назнака на опашката  TC-LLA кој што полета за остварување на својот тест лет од фабриката на Боинг „Еверет“, на крајот од овој месец ќе биде приклучен кон флотата на Туркиш Ерлајнс. Авионот Дримлајнер од типот B787-9 со дострел од 14.140 километри, својот прв лет во Турција ќе го оствари на 8 јули од Истанбул за Анкара.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Турски ветар во Париз! Ќе биде претставен за прв пат“, пишува дека Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) на „Меѓународниот саем во Париз Airshow“ што ќе се одржи од 17 до 23 јуни, за прв пат ќе го претстави моделот на турскиот национален борбен авион. На тој начин, Турција уште еднаш ќе покаже дека е земја која после САД, Русија и Кина, располага со инфраструктура и технологија за производство на петтата генерација борбен авион, која што зазема значајно место во категоријата од новата генерација авиони.



Слични вести