Турски печат 12.06.2019

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1216922
Турски печат 12.06.2019

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Флеш изјава од Русија: Нема скршнување во продажбата на С-400 на Турција“, им одделува место на изјавите на заменик рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков кој истакна дека наспроти потезите на Соединетите Американски Држави (САД) согласно постигнатиот договор помеѓу Анкара и Москва ќе ги исполнат сите свои одговорности без било какво скршнување во предавањето на С400 на Турција.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Голема пофалба од Германија за Турција“, им одделува место на изјавите на заменик германскиот министер за економија и енергија Томас Бареис кој рече дека потенцијалот за соработка помеѓу Турција и Германија во сферите на енергијата, транспортот и туризмот е „извонреден“.

„Произведовме во Истанбул, му продадовме на светот“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, каде што се вели дека извозниците во Истанбул своите произведени производи во периодот јануари-мај во 27 одделни сектори, од текстил до готова облека, од автомобилство до овошје и зеленчук и до скапоцен накит во износ од 29,8 милијарди долари, ги испратија на 227 места низ светот.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Изборот на руските туристи за летната сезона повторно Турција“, пишува дека руските туристи и оваа година за одмор повторно ја избираат Турција. Бројот на руските туристи кои во првите 5 месеци од оваа година дојдоа во Турција изнесува приближно 1 милиони 300 илјади лица. Надлежни очекуваат оваа година допатуваат повеќе од 6 милиони руски туристи.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Дојдоа илјадници лица! Се укотвија џиновски бродови...“, истакнува дека во познатото туристичко одморалиште Кушадаси кај градот Ајдин каде што се укотвија 4 бродови за крстарење (крузери) пристигнаа 4.800 странски туристи и 2.370 членови на нивната посада. Некои од туристите кои слегоа од џиновските бродови крузери од кои повеќето Американци, со автобуси ги прошетаа античкиот град Ефес и куќата на Мајка Богородица, во подрачјето. Оние туристи пак кои не учествуваа во овие тур програми шетаа и беа на шопинг по Кушадаси.



Слични вести