Турски печат 24.05.2019

Еве некои од позначајните вести за кои известуваат веснциите во своите денешни изданија овде во Турција...

1207302
Турски печат 24.05.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Летна работа за 1,2 милиони студенти“, информира дека со Програмата за социјална работа соопштена од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, ќе се стекнат со можност за работа и 1 милион 252 илјади студенти кои студираат на 51 универзитет во Истанбул. Институцијата за вработување на Турција (ИШКУР) ќе ги собира апликациите за летна работа. Младите кои во текот на 3 месеци ќе работат на социјални работи ќе добиваат плата во износ од 2.500 турски лири и за прв пат ќе бидат осигурени. Младите во градовите во кои живеат ќе работат на работи како што се нега на старци, социјални услуги, инструктори, тренери. Нема да заврши и со тоа. На 50 илјади млади ќе им се обезбедат можности за хонорарно работење во локалната самоуправа на Истанбул и во сфери како што се архитектурата, туризмот, социјалните проекти и културата.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „30 милијарди турски лири поддршка за индустријалците“, пишува дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак го соопшти новиот финансиски пакет ИВМЕ, т.ј. пакетот за напредна, продуктивна национална индустрија. Велејќи дека она што ќе го каже ќе ги растажи непријателите на Турција, министерот Албајрак рече: „Предвидуваме дека почнувајќи од јуни Турција ќе почне да дава тековен вишок.“ Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак соопшти дека во рамките на Финансискиот пакет ИВМЕ до крајот на годината на индустријалците ќе им се обезбедат финансиски средства во износ од приближно 30 милијарди турски лири (или некаде околу 5 милијарди долари).

„Синдикатот на Шкода: Фабриката на Фолксваген може да биде во Турција или Бугарија“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, каде што се вели дека во објавеното соопштение од страна на синдикатот на Шкода, фабриката на Фолксваген може да биде отворена во Турција или во Бугарија. Така Бугарија се истакнува по стабилната политичка средина и тоа што е членка на Европската унија (ЕУ), додека Турција привлекува внимание со нејзината инфраструктура во автомобилската индустрија.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Туркиш Карго постигна раст во првиот квартал“, информира дека и покрај стеснувањето од 3,1 отсто кое што се доживува на глобалниот пазар за воздушен транспорт на карго, Туркиш Карго го продолжи својот раст во првиот квартал од 2019 година. Според податоците на „World Air Cargo Data (WACD)“, во тонажата на продадената стока Туркиш Карго во првиот квартал оваа година, споредено со истиот период минатата година, оствари раст од 11,6 отсто. Според регионалните податоци за првиот квартал од оваа година, Туркиш Карго најголемиот раст го постигна на пазарите во Азија и Америка.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Повторно се отвораат вратите на Сумела“, пишува дека по изминати 4 години ќе почнат повторно да се примаат посетители во Манастирот Сумела кај градот Трабзон, чии реставрациони работи се интензивирани. Посетителите почнувајќи од 25 мај, сабота, ќе можат да го посетат првиот дел на манастирот, кој што достигнува до првиот двор. Откако ќе бидат завршени сите работи кои што се водат во Манастирот Сумела и комплексот од градби, ќе биде започната постапката за внесување на Манастирот Сумела во списокот на Светското културно наследство на Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации, УНЕСКО.



Слични вести