Турски печат 22.05.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1205739
Турски печат 22.05.2019

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Бројот на дестинации на надворешни линии на Сабиха Ѓокчен ќе достигне до 128“, пишува дека со седумте нови линии кои ќе бидат воведени летово на Меѓународниот аеродром Сабиха Ѓокчен во Истанбул (ИСГ) бројот на дестинации на надворешни линии ќе се зголеми на 128. Според објавеното соопштение од аеродромот Сабиха Ѓокчен, авиокомпанијата Пегасус почнувајќи од 28 мај ќе лета за главниот град на Саудиска Арабија Ријад секој ден во неделата во два правци, од 29 јуни за холандскиот град Ајнтховен неделно 3 лета, од 1 јули за англискиот град Манчестер неделно 5 лета и за италијанскиот град Венеција неделно 4 лета, а од 8 јули ќе почне да лета за мароканскиот град Казабланка неделно 4 пати.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Процентот на пополнетост на сините патувања достигна до 100 посто“, информира дека Процентот на пополнетост на сините патувања во Егејското Море, центарот на сините патувања (крстарења по морето) се искачи на речиси 100 посто. На 4 јуни кога почнуваат празничните денови за Рамазан Бајрам, освен моторните јахти и бродовите со кои се носат посетителите на сино патување, ќе тргнат на сино патување и гулетите, вид бродови кои што се оценуваат како пловечки дрвени дворци.

„Алипеј, платформата на Алибаба за наплаќање, влезе на турскиот пазар“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабртурк“, каде што се вели дека платформата за наплаќање Алипеј на кинеската гигантска платформа за онлајн трговија Алибаба , почнува да делува во Турција. Алипеј постигна договор со платформата за нова генерација на наплаќање „ininal“ и соопшти дека почна да им пружа услуга на кинеските туристи во Турција.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс оваа година ќе собори рекорд во вработување“, пишува дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) која располага со приближно 66 илјади вработени за 2019 година планираше да вработи приближно 8.430 лица. Меѓутоа, Туркиш Ерлајнс го надмина и ова планирање со што во првите 5 месеци од годината вработи 4.600 лица. Особено заедно со летните месеци и со пристигнување и на авионите кои ќе и се приклучат на флотата, ќе се зголеми и потребата од нов персонал. Така со дополнителните вработувања оваа година ќе се собори рекорд во бројот на вработувања. Оваа година во Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) ќе бидат вработени приближно 10 илјади лица.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Фотографиите на Ара Ѓулер во Париз“, информира дека „Изложбата Ара Ѓулер“ во организација на претседателството на Република Турција и во соработка со Музејот Ара Ѓулер и Центарот за архива и истражување, ги носи во познатите престолнини на уметноста во светот делата на ценетиот фотографски уметник и фоторепортер Ара Ѓулер кој почина минатата година. „Изложбата Ара Ѓулер“ која во април  се одржа во галеријата „Сачи“ во Лондон и будеше голема заинтересираност, на 23 мај ќе биде отворена во галеријата „Полка“ во главниот град на Франција, Париз.



Слични вести