Турски печат 17.05.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1202904
Турски печат 17.05.2019

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Чавушоглу: Контролата со С-400 ќе биде кај Турција“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на одржаната заедничка прес конференција со својот летонски колега Едгардс Ринкевич за време на неговата официјална посета на Летонија, даде изјави во врска со противвоздушно одбранбениот систем С-400. Одговарајќи на тврдењето на САД околу тоа дека С-400 претставува закана за борбените авиони Ф-35, Чавушоглу рече: „Ние тоа го изнесовме на мошне јасен начин. Овој систем ќе биде целосно под наша контрола.“ Мевлут Чавушоглу го рече и тоа дека им предложиле на САД да се формира заедничка работна група по ова прашање.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Путин: Полесно е да се работи со Турците“, им одделува место на изјавите на рускиот претседател Владимир Путин кој говореше за проектот на гасоводот Северен тек 2 преку кој рускиот гас ќе се испорачува во Европа и чија изградба се уште продолжува и покрај тоа што САД и некои европски земји применуваат различни методи за негово попречување. Притоа Путин алудирајќи на гасоводот Турски тек рече: „Полесно е да се работи со Турците, отколку со Европејците. Впрочем претседателот Реџеп Тајјип Ердоган донесува одлука и истата ја става во примена.“

„Мудис ги соопшти силните страни на турската економија“ гласи насловот на страниците на весникот „Јени Шафак“, каде што се истакнува дека директорот на Групата за ризици во земјите во Европа, Блискиот исток и Африка (ЕМЕА) на Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“ Ив Лемај, на Самитот на Мудис за пазарите во развој што се одржа во британскиот главен град Лондон, се осврна на силните страни на турската економија. Лемај рече: „Економската разноликост, големината, младата работна сила и билансот на владата, се наоѓаат меѓу силните страни на економијата на Турција.“ Ив Лемај воедно истакна дека големина, разноликоста и динамизмот на економијата и релативно позитивните критериуми за долг на владата, се два извори на силата на турската економија.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Видени највисоките априлски бројки во продажбата на станови на странци“, информира дека продажбата на станови на странци која својот силен тренд во првиот квартал од годината го продолжи и во месец април, во првите 4 месеци достигна до 13.338 станови. Минатата година во периодот јануари-април им беа продадени 7.341 стан на странци, што укажува на пораст од 82 отсто. Продажбата на станови на странци во месец април оваа година, во споредба со истиот месец минатата година со раст од 82,1 отсто, од 2.043 станови се зголеми на 3.720 станови. На тој начин, во продажбата на станови на странци се видени највисоките бројки во историјата, за месец април. 

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Англичаните избраа! Најдобрите 10 места за одмор на море ова лето во Турција“, пишува дека уредниците на англискиот весник „Де Телеграф“, ги избраа 10“те места каде што може да се помине одморот на море во Турција во 2019 година. На списокот се најдоа Анталија која располага со поголем број хотели со пет ѕвездички од цела Шпанија, плажата Чирали во Кемер, туристичкото место Калкан, плажата Патара во границите на населеното место Каш чија вкупна должина достигнува до 12 километри, бреговите на Аланија, плажите со сино знаме на Сиде, плажата Изтузу во Далјан кај Мугла, плажата и заливите во Чешме кај Измир, Мртвото Море во Фетхије и полуостровот Бодрум.

 



Слични вести