Турски печат 15.05.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1201413
Турски печат 15.05.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Изјава за Сирија од министерот Чавушоглу“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој истакна дека нападите на режимот во Сирија го прекршуваат меморандумот од Сочи. Чавушоглу вчера преку социјалната мрежа Твитер ја сподели заедничката сликана фотографија со претседателот на Сириската преговарачка делегација Наср ел-Харири и го напиша следното: „Нападите на режимот претставуваат јасно прекршување на меморандумот од Сочи и се во спротивност со духот од Астана. Блиску сме до договор по прашањето на Уставотворниот комитет.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Првата испорака на гас преку Турски тек на 31 декември“, пишува дека според изјавата на заменик претседателот на Управниот одбор на руската енергетска компанија „Газпром“ Виталиј Маркелов, првиот природен гас преку проектот на гасоводот Турки тек се планира да почне да се испорачува на 31 декември. Гасоводот Турки тек преку кој рускиот гас ќе се транспортира во Турција и Европа ќе се состои од две траси секоја со капацитет од по 15,75 милијарди кубни метри гас годишно.

„Се очекува голем раст“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, каде што им се одделува место на изјавите на претседателот на Унијата на туристичките агенции на Турција (ТУРСАБ) Фируз Багликаја кој истакна дека туристичкото одморалиште Бодрум кај Мугла е едниот од најпознатите туристички центри во светот и дека се очекува раст во бројот на странските посетители оваа година. Багликаја воедно рече дека кога ќе се направи споредба со претходните години, во првите три месеци од 2019 година е доловен сериозен раст.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција се искачува на горните позиции во хидроелектричните централи во светот“, пишува дека Турција минатата година со инсталација на капацитет на нова хидроелектрична енергија од 1.085 мегавати се искачи на четвртото место во светското рангирање. Минатата година 48 земји обезбедија капацитет на нова хидроелектрична енергија од вкупно 21 илјада 800 мегавати.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Џенифер Лопез ќе приреди концерт во Анталија“, информира дека светски познатата ѕвезда на латинската музика Џенифер Лопез на 6 август ќе приреди концерт во населеното место Серик во Анталија. На овој концерт, Џенифер Лопез ќе ги испее својот нов сингл во оваа година „Medicine“ и сите свои хит песни како „On The Floor“, „Aint It Funny“ и „Love Don't Cost a Thing“.



Слични вести