Турски печат 08.05.2019

Еве ги позначајните вести за киои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1197094
Турски печат 08.05.2019

Весникот „Сабах“ во веста под анслов „Нема нов процес за решение“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган направи проценка на средбата на терористичкиот водач на сепаратистичко-терористичката организација ПКК Абдула Оџалан кој се наоѓа во затвор, со својот адвокат. Ердоган рече: „Не станува збор за процес за решение.“ Воедно и шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателството Фахреттин Алтун истакна дека средбата на терористичкиот водач со својот адвокат во затворот во кој се наоѓа е нормална процедура и рече: „Ние сме јасни во нашите размислувања и мислења.“ Во врска со пораката на терористичкиот водач што ја испратил до терористичката организација ЈПГ пак, Фахреттин Алтун рече: „Тоа што издава директна директива ја зајакнува тезата на Турција во однос на тоа дека постои врска меѓу ПКК и ЈПГ и Сириските демократски сили (СДФ).  

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турција е одлучна да ги одбрани своите права во Источниот Медитеран“, пишува дека министерството за енергија објави соопштение во врска со активностите за дупчење кои што ги води Турција во Источниот Медитеран. Во соопштението се вели следното: „Не е можно да се прифатат изјавите на регионалните актери и актерите надвор од регионот, во врска со активностите за дупчење кои што ги реализира Турција во сопствениот континентален гребен.“ Во соопштението воедно се напоменува дека сеизмичките истражувања и активностите за дупчење, во врска со јаглеводородните ресурси во Источниот Медитеран се реализираат во согласност со легитимните права на Турција кои што произлегуваат од меѓународното право. 

„Почнува обуката на турските војници за противвоздушно одбранбените системи С-400“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, каде што се вели дека според веста објавена од страна на руската новинска агенција „ТАСС“, еден дипломатски извор соопшти дека приближно 100 турски војници на крајот на мај  ќе започнат со обука во една воена база на Русија, а со цел да научат како ќе ги користат противвоздушно одбранбените системи С-400 кои што согласно договорот ќе и бидат предадени на Турција во текот на оваа (2019) година. Оваа воена обука ќе трае приближно 5 месеци.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Пронајдок кој овозможува земјоделство без вода“, информира дека тројца другари кои тргнале на пат за да развијат решение за проблемот со вода за наводнување во градот Конја го развија решението под името „Екобокс“, со кое се овозможува земјоделство без вода во производството на овошје и зеленчук. Системот кој што овозможува фиданките од дрвја и зеленчук во текот на нивниот живот да се одгледуваат, односно растат со употреба на само 16 литри вода и нивните корења да достигнат до изворот со вода во земјата; ќе овозможи да се одгледува овошје и зеленчук дури и во пустина, камењасти места и сушни места. Овој систем наидува на голема побарувачка и од странство. 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Вредноста на турскиот фудбалер Озан Кабак ги засени очите“, пишува дека според проценката на Меѓународниот центар за спортски студии (CIES), е објавен списокот на првите 50 фудбалери У20 со највисока трансферна вредност, во петте големи лиги на Европа. На списокот се наоѓа и еден турски фудбалер. Вредноста на Озан Кабак кој од Галатасарај замина за германски Штутгарт за 11 милиони евра, ги засенува очите. На списокот е соопштено дека трансферната вредност на Озан Кабак изнесува 20,8 милиони евра.



Слични вести