Турски печат 02.05.2019

Еве ги позначјните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1193553
Турски печат 02.05.2019

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „На дневен ред посетата на Трамп на Турција“, пишува дека од страна на извори од кабинетот на претседателството е објавено соопштение во кое се вели: „По прашањето на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Турција се работи на алтернативни датуми, вклучувајќи го и месецот јули. Доколку биде разјаснет точниот датум, ова ќе биде прва посета на Трамп на Турција.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турција, одлучна во исчистувањето на северниот дел на Сирија од сите терористички групи“, информира дека портпаролот во кабинетот на претседателството Ибрахим Калин вчера во Анкара се состана со специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави ( САД) за Сирија Џејмс Џефри. На средбата на која беа јасно нагласени националните безбедносни приоритети на Турција, исто така беа поставени на дневен ред и низа други прашања и тоа; борбата против тероризмот во источниот дел на реката Еуфрат и општо во Сирија, безбедната зона, ставањето во примена на патната карта во Менбич, борбата против сите терористички елементи вклучувајќи ги и ДЕАШ, ПКК/ЈПГ/ПЈД, зачувувањето на спогодбата за Идлиб, постигнувањето политичко решение во рамките на територијалниот интегритет на Сирија и повторната изградба на Сирија.  

„Ердоган и честита на пејачката Дела Мајлс која стана муслиманка“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Јени Шафак“, каде што се вели дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваше на работилницата на Фондацијата за жена и демократија КАДЕМ која што се одржа во Истанбул. Претседателот Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган на работилницата ја поканија и Дела Мајлс која неодамна го прими исламот и стана муслиманка и која живее во Истанбул. Претседателот Ердоган и честита на Дела Мајлс поради тоа што стана муслиманка. Американската пејачка по средбата своите чувства ги изнесе со следните зборови: „Денеска се запознав со еден светски лидер. Многу сум возбудена од тоа што му ја стегнав раката на претседателот на Турција и се прегрнав со убавата и топла прва дама.“ 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Соборен рекорд во бројот на туристи кои дојдоа во Анталија“, пишува дека познатиот туристички центар на Турција на средоземноморското крајбрежје Анталија, ја достигна најголемата бројка во бројот на туристите кои допатуваа во последните години. Особено во бројот на туристите во месец април е доживеан речиси бум. Во Анталија каде што во првите 3 месеци од годинава дојдоа 571 илјада 207 туристи, само за 29 дена во месец април допатуваа 905 илјади 322 туристи. Дури и туристичките работници беа зачудени од овие бројки кои што се остварија многу над она што очекуваа. Туристичките работници истакнаа дека овој рекорден раст во месец април во бројот на туристите се должи на Велигденските празници.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Две турски екипи во четворното финале во Евролигата Туркиш Ерлајнс“, информира дека на петтиот и последен натпревар од четвртфиналната серија од плеј-офот во Евролигата Туркиш Ерлајнс, турската кошаркарска екипа Анадолу Ефес на свој терен ја победи Барселона Ласса со резултат од 80:71 со што резултатот во серијата го сведе на 3:2 и се стекна со право на учество во Четворното финале (Фајнел фор) кое што ќе се одржи во шпанскиот град Виториа-Гастеиз. Така во првиот ден од Четворното финале кое што ќе се одржи од 7 до 19 мај за прв пат во историјата ќе играат една против друга две турски екипи, Фенербахче Беко и Анадолу Ефес, а вториот меч ќе се одигра помеѓу последниот шампион шпански Реал Мадрид и руската екипа ЦСКА Москва.  Екипите кои ќе победат на овие натпревари на 19 мај ќе играат во финалето за шампионската титула, а двете поразени екипи ќе играат за третото место во Евролигата Туркиш Ерлајнс.



Слични вести