Турски печат 26.04.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1190246
Турски печат 26.04.2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Уште еден удар врз терористичката организација“, пишува дека во реализирана воздушна операција од страна на Турските вооружени сили (ТВС) вчера на областа Гара во северниот дел на Ирак беа уништени цели на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои биле користени како наоружана позиција, засолниште, скривница и складиште за муниција..

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Потпретседателот Октај: Турција регистрирана како најреформаторска земја“, информира дека потпретседателот Фуат Октај вчера во Анкара говореше пред Советот за координација на подобрувањето. Во оваа пригода потпретседателот Октај рече: „Турција е регистрирана како ‘најреформаторска земја’ меѓу земјите на ОЕЦД во кревањето на рестриктивните препреки пред директните меѓународни инвестиции и во последните 7 години успеа да привлече над 210 милијарди долари директни меѓународни инвестиции.“

„Клубот за роботи Дарушшафака меѓу најдобрите во светот“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, каде што се вели дека  Клубот за роботи Дарушшафака по име „Sultans of Türkiye“, а поддржан од „Сименс Турција“, продолжува да постигнува успеси во име на Турција. Учениците од клубот за роботи на Гимназијата Дарушшафака со роботот кој го изработија самите и го нарекоа „Тентен“, во финалниот дел на меѓународниот натпревар  FIRST Robotics Competition (FRC) во САД на кој што се водеше жестока битка меѓу приближно 15 илјади ученици од 40 земји, станаа добитници на Инженерската награда за инспирација (Engineering Inspiration Award). „Sultans of Türkiye“ стана првата турска екипа која доби награда на едно вакво ниво.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Голема заинтересираност кон Рафадан Тајфа во Келн“, пишува дека театарската претстава на јунаците на Рафадан Тајфа, едниот од омилените цртани филмови на детскиот канал на Турската радио и телевизија (ТРТ) „ТРТ Чоџук“, наиде на голема заинтересираност во германскиот град Келн. Претставата организирана од страна на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) беше прикажана во седиштето на Турско-исламската унија за верски прашања (DİTİB). Бесплатната театарска претстава и покрај тоа што беше планирано да се прикажува два пати, поради големата заинтересираност беше прикажана дури четири пати.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Изложба во Истанбул од украинските уметници“, информира дека на љубителите на уметноста им беа претставени делата на украинските уметници кои беа гости во Истанбул, а изработени во рамките на „İstanbul Artist Residency“. Уметниците Серхиј Савченко, Лилија Студнитска, Денис Струк, Јуриј Ковал, Андриј Роик, Олга Заремба и Јуриј Савтер со различни техники изработија дела инспирирани од Истанбул. „İstanbul Artist Residency“ во рамките на манифестацијата започната во Турција со украинските уметници, има за цел да овозможи да бидат приклучени и уметници од други различни земји.



Слични вести