Турски печат 22.04.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1187635
Турски печат 22.04.2019

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Даночниот ѕид на Трамп ќе се надмине со турска зона“, пишува дека турските фирми ќе делуваат заеднички за доловување на целта за зголемување на трговскиот обем помеѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) на 75 милијарди долари што беше одлучено помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп. Во тие рамки, е стапено во акција за реализација на проектот „Турска организирана индустриска зона“, а особено за надминување на даноците кои што се воведени од страна на управата на Трамп. Така се собираат барања од индустријалците и бизнисмените кои сакаат да учествуваат во зоната која што ќе се формира во рамките на проектот што се води од страна на Здружението на турските и американските бизнисмени (TABA-AmCham). До крајот на 2019 година ќе се соберат поднесените прелиминарни барања, а потоа ќе биде определена патната карта.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Хуавеи го прогласи за јунак турскиот професор“, информира дека високиот функционер на кинеската технолошка компанија „Хуавеи“ (Huawei) ЦИО'то Гуо Пинг изјави дека турскиот професор доктор Ердал Арикан е јунак не само за Турција, туку и за комуникациската индустрија. Гуо Пинг рече: „Арикан напиша еден извештај во врска со 5Г-технологијата. Ние пак, ја разбравме драгоценоста на оваа статија и работевме со него. Тој обезбеди голем придонес во напредокот на 5Г-технологијата во светот. 5Г ќе ја користи турската технологија и оваа технологија ќе биде ставена во примена и во другите делови на светот. Турција беше предводничка во кодирањето на 5Г-технологијата. Турскиот народ ќе чувствува гордост од тоа.“

„Истанбул омилен град за странците во купувањето на станови“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Јени Шафак“, каде што се вели дека во последната една година на странските државјани во Турција им се продадени 46 илјади 243 станови. Со тоа во продажбата на станови на странските државјани во споредба со претходната година е остварен раст од 108 отсто. Град каде што се продадени најмногу станови е Истанбул, а на второ место се наоѓа Анкара. Во последната една година е остварен раст и во купувањето на станови од страна на граѓаните на Соединетите Американски Држави (САД).

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Остварена првата посета во годината, џиновскиот брод е во Кушадаси“, пишува дека во пристаништето на познатото туристичко одморалиште Кушадаси кај градот Ајдин, кое инаку е меѓу значајните туристички центри на туризмот со бродови крстосувачи, се укотви бродот крстосувач по име „Celestyal Crystal“ кој пловеше под знамето на Малта и кој го оствари своето прво патување со 620 патници. Поголемиот дел од патниците на бродот крстосувач укотвен во пристаништето Еге Порт во Кушадаси, беа граѓани на САД и Велика Британија, кои откако слегоа од бродот ги посетија античкиот град Ефес и куќата на Мајка Богородица. Освен тоа туристите беа и на шопинг во Кушадаси.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Едната од најубавите четири железнички рути во светот, е во Турција“,  информира дека Турстичкиот источен експрес кој ќе му биде брат на Источниот експрес, ќе ги посети историските и туристичките места на линијата Анкара-Карс. Источниот експрес кој што ќе патува на едната од најубавите четири железнички рути во светот, ќе им пружа услуга во висок квалитет и со економски цени на своите патници од секоја годишна возраст, а особено на младите, љубителите на природата и групите составени од фотографи или љубители на сликањето. Возот ќе поаѓа од Анкара во 20:00 часот по локално време, а од градот Карс ќе поаѓа околу 23:00 часот по локално време и својата рута ќе ја заврши за 72 часа.

 



Слични вести