Турски печат 17.04.2019

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 17.04.2019

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Голема пофалба од швајцарските медиуми за Истанбулскиот аеродром“ го објавува написот на новинарот Биргит Воигт на еден од најзначајните швајцарски весници Неуе Цуркер Цајтунг кој во написот под наслов „Истанбулскиот аеродром предизвикува воодушевување“ истакнува дека новиот аеродром на Истанбул навистина е многу фрапантен објект. Аеродромот навистина заслужува секакви пофалби бидејќи нуди услуги на највисоко ниво. Салата за патниците е огромна и се сјае.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Радосна вест од градежниот сектор; По период од 12 месеци градежниот сектор повторно во подем“ истакнува дека во извештајот на Здружението на индустријалците на градежните материјали на Турција (ИМСАД) се истакнува дека по период од 12 месечно назадување, кон крајот на март започна повторниот подем на секторот. Индексот на активности во март се зголеми за 2,1 отсто во споредба со истиот период лани. Според овие податоци, во претстојниот период се очекува пораст и на стапката на вработување.

Весникот „Јени шафак“  во веста под наслов „Американската муслиманска интерпретаторка излезе во пресрет и поддршка на турската лира“ истакнува дека американската интепретаторка Дела Мајлс која се смести во Турција и стана муслиманка, се стекна со голема популарност рече дека со цел турската лира да се стекне со заслужената вредност на пазарот, цената на настапите ќе ја наплатува во турски лири. Додека од една страна ги полни најголемите и најзначајни концертни сали со десетици илјади посетители во Европа, од друга страна пак игра улога на доброволен туристички амбасадор на Турција, земјата кон која чувствува големо воодушевување. Зтоа одлучила цената за трошоците нза настапите да ги наплатува во турски лири, рече Мајлс.

Веб порталот „Хабер Турк“ во веста под наслов „Езерото Кизилчан во Сивар ги воодушевува посетителите“ истакнува дека природното езеро во близината на селото Џанова о месноста Зара кај Сивас со туркизната боја ги воодушевува посетителите. Езерото се наоѓа во еден кратер длабок сто метри и ги очекува вљубениците во природата и фотографите. Жителите на селото истакнуваат дека никој не знае колку е длабоко вулканското езеро. Во езерото чија боја се менува зависно од времето живеат и риби.



Слични вести