Турски печат 16.04.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 16.04.2019

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Хулуси Акар: Ставот на САД во однос на С-400 е во спротивност со духот на сојузништво“, им одделува место на изјавите на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој истакна дека Турција е спремна за технички разговор со САД, за разгледување на грижите по прашањето на противвоздушно одбранбените системи С-400 кои што ќе ги купи од Русија. Министерот Акар рече дека заканите, ултиматумите и роковите кои што се поставуваат од страна на САД по прашањето на С-400, не се конструктивни, а воедно се во спротивност со духот на сојузништво.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Министерот Берат Албајрак се состана со Трамп“, информира дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак се состана во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп на кого му ги пренесе пораките на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. Нагласувајќи дека на средбата било поставено на дневен ред и прашањето со С-400, министерот Албајрак рече: „Впечатокот што го добив јас, е тоа што претседателот беше мошне позитивен и конструктивен во однос на прашањата за кои што разговаравме. Би можел да го истакнал тоа дека мошне разумно ги ислуша процесите во врска со С-400 кои што се темелат на потребите на Турција и дека презентираше приод на позитивно разбирање.“

„Турција напредува кон своите цели во туризмот“ гласи насловот на страниците на весникот „Хурријет“, каде што се вели дека министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој објави порака по повод „Неделата на туризмот“ која што се слави од 15 до 22 април. Министерот Ерсој во својата порака напиша: „Турција, исто како и во сите други сфери, и во туризмот напредува со непоколеблива волја и со сигурни чекори кон нејзините цели за 2023 година. Секој чекор што ќе го фрлиме за туризмот, од градови брендови до гастрономијата, од археологијата до изградбата на објекти, од транспортот, т.ј. превозот до сместувањето и квалитетот на персоналот, има за цел да ја води Турција кон издигнување во позиција на лидерска земја, на меѓународната арена.“ 

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Индексот на климатски извоз на Турција, на Истанбулската индустриска комора (ИСО) во март изнесува 52,3 отсто“, пишува дека Истанбулската индустриска комора (ИСО), како водечки показател за мерење на условите на работа на пазарите на главен извоз на производствениот сектор на Турција, го соопшти првиот индекс на климатски извоз на Турција. Индексот во март изнесуваше 52,3 отсто и укажа на подобрување во усогласеност со силните и последните трендови. Подобрувањето произлезе од тоа што зајакнувањето на побарувачката на Блискоисточните пазари ги компензираат знаците на застој во Европа. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Се зголеми нивото во градежните проекти во странство: Целта е 50 милијарди долари“, информира дека во „Анализата за градежниот сектор“ на Унијата на претприемачите на Турција се најдоа значајни податоци. Според извештајот, турските предприемачи оваа година напредуваат кон својот 10 илјадити градежен проект во странство. Услугите во странство повторно се искачија на ниво од 20 до 30 милијарди долари. Целта е 35 милијарди долари во 2023 година и 50 милијарди долари во 2030 година. На тој начин делот на Турција во глобалниот пазар ќе се зголеми на 7 отсто.



Слични вести