Турски печат 11.04.2019

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 11.04.2019

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ердоган упати порака за евентуална воена операција источно од Еуфрат“ го објавува говорот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган по повод 174-та годишнина од формирањето на турската полиција и свеченото отворање на новата зграда на специјалните единици на полицијата во Ѓолбаши во Анкара. Ердоган во оваа прилика рече дека на сите оние кои што се обидуваат да формираат терористички коридор по должината на нашата граница и да не натераат да потклекнеме на нивните барања со преземените чекори им покажавме дека тоа не е можно. Но и покрај тоа ако бидат настојчиви, наскоро ќе им одговориме на јазикот на којшто го разбираат.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Огромен објект од ТУСАШ за производство на авиони и хеликоптери во Турција“ истакнува дека Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) ја формира најголемата фабрика во Турција, 4-та во светот за производство на композитни производи. Инвестициите вредни 181 милион долари ќе бидат вложени во објектот што ќе се изгради во општината Кахраманказан кај Анкара. Според претпоставките, фабриката се очекува да задоволи 2 отсто од светските потреби на композитни конструкции. Во објектот ќе се произведуваат производи со роботска, автохтона и опрема со последни технолошки достигнувања. Прецизните и безгрешни производи кои ќе се извезуваат ќе дадат придонес во развојот на економијата на земјата.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Најава за производство на заеднички хеликоптер од Турција и Русија“ ја објавува изјавата на Генералниот директор за производство на руските хеликоптери Андреј Богински кој рече дека постои голема веројатност за вклучување и на Турција во производството на заеднички хеликоптер. Свесни сме за успешното производствено искуство на борбени хеликоптери на Турција рече Богински потенцирајќи дека на целиот овој процес гледаме и од аспект на проширувањето на можностите и во цивилното воздухопловство. Деловите на хеликоптерите кои се произведуваат во Турција би можеле да се вклопат во производството на руските хеликоптери, рече Богински.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Големи пофалби до СиЕнЕн Интернејшнл за Истанбулскиот аеродром“ истакнува дека заврши „големата преселба“ на Истанбулскиот аеродром. Операцијата на пренесувањето на аеродромот на 5 и 6 април заврши пред предвиденото време и сите детали во врска со Истанбулскиот аеродром беа емитувани од страна на СиЕнЕн Интернејшнл. Познатиот спикер Ричард Куест првиот коментар во врска со Истанбулскиот аеродром го изнесе со следните зборови: „Мега воздушниот проект на Турција спремен за полетување“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „5 плажи на Турција се наоѓаат на листата на најдобри плажи во светот што ја објавија Британците“ истакнува дека британскиот весник „Гардијан“ направи проценка на најдобрите плажи во светот. 5 плажи од Турција се најдоа на оваа листа. Тоа се Чирали, Кемер, Анталија; Кабак, Узунјурт Ќоју, Мугка; Патара, Калкан, Анталија; Аквариум, Бозџада, Чанаккале; Изтузу, Далјан, Мугла.



Слични вести