Турски печат 09.04.2019

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 09.04.2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Целта е постигнување трговски обем од 100 милијарди долари“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин одржаа говори на 8-от состанок на Високиот турско-руски совет за соработка што се одржа во Москва. Ердоган во говорот рече дека целта е да се постигне трговски обем од 100 милијарди долари. Путин пак рече дека на дневниот ред на разговорите освен воено-техничката соработка се наоѓа и окончувањето на испораката на воздушно-одбранбениот систем С-400 на Турција.

Веб порталот „Хабер Турк“ во веста под наслов „Турција чувствува голема загриженост од ситуацијата во Либија“ истакнува дека по воената операција во Триполи, Турција чувствува голема загриженост од новонастаната ситуација поради што беше упатен повик до страните за бидат поумерени. Во соопштението кое беше објавено од страна на министерството за надворешни работи на Турција беше истакнато дека што поскоро треба да се намали напнатоста во земјата и да преовладее здравиот разум за да се воспостави мир и спокојство. Турција ги поддржува напорите на Генералниот секретар на ОН и Специјалниот претставник на ОН за Либија за намалување на напнатоста. Исто така големо значење има и заедничкиот став и одлучноста на меѓународната заедница кон процесот во Либија, беше истакнато во соопштението на МНР.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Кападокија сезоната ја започна со пораст на туристите за 14,5 отсто“ истакнува дека бројот на туристите во првиот квартал на годинава во споредба со истиот период лани се зголеми за 14,5 отсто и достигна 440 686 туристи. Кападокија зазема значајно место од аспект на природниот, историскиот и културен туризам на Турција, поради што годинава особено во првиот квартал беше повеќе префериран во споредба со претходните години.

Весникот „Сабах“  во веста под наслов „Расте интересирањето на кинеските туристи кон Ѓобеклитепе“ истакнува дека благодарение на промоциите на Ѓобеклитепе кое се наоѓа на Списокот на светското наследство на УНЕСКО, се повеќе расте заинтересираноста на кинеските туристи кон овој локалитет. Директорот на градската заедница за култура и туризам Ајдин Аслан рече дека моментално најголемите два кинески телевизиски канали снимаат емисија во историскиот локалитет. По прогласувањето на 2019 година за Година на Ѓобеклитепе од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, сите јавни установи и институции како во земјава така и во светот пружија голема поддршка во промоцијата на локалитетот Ѓобеклитепе.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турскиот градежен сектор своите производи и достигнувања ќе ги промовира во Катар“ истакнува дека  Меѓународниот саем за градежна технологија, градежни материјали, опрема и еколошки технологии и трговија (Project Qatar) ќе се оствари со учество на турските фирми.  На саемот што ќе се одржи од 29 мај до 1 април, Турција ќе учествува со 3 извозни унии.



Слични вести