Турски печат 05.04.2019

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 05.04.2019

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Соопштение од Турција во врска со Ф-35 и С-400“ истакнува дека според воени извори, одложено е предавањето на опремата за борбените авиони Ф-35 на Турција, продолжуваат преговорите и координацијата со САД во врска со процесот на испорака, а во меѓувреме продолжува обуката на турските пилоти. Во соопштението беше истакнато дека нема никакви промени во врска со испораката на воздушно одбранбениот систем С-400 кој што беше нарачан од Русија и дека активностите продолжуваат според планот, евентуално ако не дојде до некој застој.

Веб порталот „Хабер Турк“ во веста под наслов „Автомобилската индустрија постигна најголем извоз во март“ истакнува дека во март беше постигнат раст во извозот за 0,5 отсто и изнесуваше 16 милијарди 334 милиони. Автомобилскиот сектор со 2 милијарди 885 милиони 166 илјади долари удри силен белег од аспект на најмногу извезените предмети. По автомобилскиот сектор, со 1 милијарда 830 милиони 802 илјади долари следуваат хемиските супстанции, а со 1 милијарда 681 милион 910 илјади долари конфекциските производи.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Стартува шарениот карневал“ истакнува дека вчера во Адана под слоганот „Адана во април“ стартуваше 7-от Портокален карневал. Во рамките на фестивалот кој ќе заврши на 7 април недела ќе се одржат над 100 манифестации, додека на 6-ти април - сабота ќе се одржи марш на поворките облечени во различни костуми. По повод карневалот во градот се очекува да дојдат околу 100 илјади домашни и странски туристи, а на свечените активности ќе учествуваат околу 1,5 милион лица. Бројот ан туристите се очекува да се зголеми пред да почне маршот на големата поворка.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Стартува Меѓународниот анкарски филмски фестивал“ истакнува дека од 18 до 28 април 2019 во Анкара ќе се одржи 30-от Меѓународен анкарски филмски фестивал. Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани неколку краткометражни и документарни филмови, а годинава се планира да се оствари и една посебна манифестација. ВО рамките на 10 дневниот филм се планира да се прикажат околу 120 филмови на кои ќе учествуваат режисерите актерите и ќе имаат можност да состанат со гледачите. Во текот на фестивалот ќе се одржат разговори, работилници и некои специфични активности.



Слични вести