Турски печат 04.04.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 04.04.2019

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турција нема да отстапи по прашањето на С-400“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој истакна дека противвоздушно одбранбените системи С-400 кои Турција ги купи од Русија се завршен договор и дека нема да се отстапи по ова прашање. Нагласувајќи дека С-400 нема да ги сметаат за непријателски системите на НАТО, вклучувајќи ги и борбените авиони Ф-35, Чавушоглу рече дека програмата за авионите Ф-35 не е иста како другите воени продажби кои што САД ги реализираат на нивните сојузници во НАТО, вклучувајќи ја и Турција. Мевлут Чавушоглу додаде дека Турција е дел од програмата за производство на борбените авиони Ф-35.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Германија сака да соработува со Турција во енергијата“, пишува дека како што изјави потсекретарот на германското министерство за економија и енергија Оливер Витке, неговата земја е најзначајниот економски партнер на Турција. Нагласувајќи дека обновливата енергија почна се повеќе да се поставува на дневен ред во Турција, Витке рече „Сакаме да реализираме поблиска соработка со Турција во сферата на енергијата.“ Витке укажа на тоа дека на дневен ред се наоѓа и ажурирањето на Царинската унија меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), и го додаде следното: „За тоа разговараме на ниво на Европската унија (ЕУ). Овде, со чекорите и на двете страни би можело да се направи нешто за остварување на слободна трговија. Една деловна група интензивно се бави со тоа. За тоа разговараме со нашите пријатели во Турција.“  

„Цел во трговијата со Русија, 100 милијарди долари“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, каде што се вели дека Турција и Русија кон своите потези со кои што зајакнуваат економските односи, додаваат уште еден нов потег. На Саемот за индустрија „INNOPROM“ што ќе се одржи во јули, во рускиот град Екатеринбург, Турција ќе учествува како земја партнер. Во период кога взаемната трговија помеѓу двете земји достигна до 25,7 милијарди долари, се има за цел да се зголеми на 100 милијарди долари. Двете земји ќе подготват заеднички Акционен план во надворешната трговија. Согласно овој Акционен план, силните страни ѝ на Турција, ѝ на Русија ќе бидат пренесени заедно на пазарите во трети земји.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Меѓународниот саем за мода за чевли ги отвори своите врати“, информира дека  Саемот за мода за чевли (AJMOD) кој е втор по големина саем во светот во секторот на чевли и кој оваа година се одржува по 16'ти пат, ги отвори своите врати за посетителите во населбата Јешилќој во Истанбул. На саемот ги презентираат своите најнови модели над илјада марки за чевли, а воедно учествуваат и делегации за набавка од 60 земји од САД до Русија и до Европа, додека странците покажуваат интересирање особено кон чевлите од рачна изработка и со специјален дизајн. Саемот ќе трае до 6 април.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Птичјиот рај на Турција ќе му се придаде на туризмот“, пишува дека ќе му се придаде на туризмот езерото Ѓолбаши во населеното место Кирикхан кај градот Хатај, кое е простор за живеење за 193 видови птици и кое со своите чисти води, панорамата, флората и фауната ги импресионира посетителите. Езерото Ѓолбаши со секој поминат ден станува се попривлечно место за љубителите на природата, фотографите и авантуристите. Езерото минатата година беше регистрирано како „Мочуриште од национално значење“ и по преуредувањето на околината ќе биде отворено за туризам.  Езерото Ѓолбаши, се наоѓа и меѓу местата кои што вреди да се посетат во рамките на организацијата ЕКСПО 2021 година, што ќе се одржи во градот Хатај.



Слични вести