Турски печат 03.04.2019

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 03.04.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Шаторска населба од АФАД за настраданите во Мозамбик“ истакнува дека Управата за елементарни непогоди и итни состојби при Владата (АФАД) и турската хуманитарна организација Црвена полумесечина дотрчаа на помош на настраданите во циклонот Идаи кој го погоди Мозамбик. Екипите на АФАД формираа шаторска населба во Тица кај Бериа кое подрачје беше изложено на најнеповолното влијание на катастрофата. И турската Црвена полумесечина на настраданите во циклонот пружи храна и намирници на 233 семејства кои останаа без покрив на главата.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Остварен првиот лет“ истакнува дека вчера беше остварен првиот чартер лет меѓу израелскиот главен град Тел Авив и туристичкиот центар Бодрум кај Мугла во Турција. Туристите кои пристигнаа со првиот чартер лет беа пречекани со каранфили. На 180-те израелски и палестински туристи кои допатуваа со авионот на авиокомпанијата Корендон беа пречекани со локум и каранфили.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Бројот на туристите во Анталија изнесува над половина милион“ истакнува дека бројот на странските туристи кои допатуваа во Анталија во првите три месеци во споредба о ситиот период лани се зголеми за 25 отсто и изнесува 571 илјада 207. На прво место од аспект на бројноста се наоѓаат Германците, на второ Русите. Целта на туристичките работници во Анталија за 2019 година од 15 ја зголемија на 16 милиони туристи. Додека од аспект на домашните туристи изнесува 5 милиони.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Јужнокорејските фотографи и блогери го сликаа Адијаман“ истакнува дека 8 члена екипа составена од фотографи од Јужна Кореја кои работа за National Geographic Traveler а меѓу кои се наоѓаат и познати блогери допатуваа во Адијаман и ги посетија културно-историските места на градот. Екипата ги посети планината Немрут која се наоѓа на Списокот на светското културно наследство на УНЕСКО, античкиот град Пере, старата тврдина Ќахта, мостот Џендере, локалитетот Арсемиа и могилата Каракуш. Блогерите и фотографите особено беа фасцинирани од убавината на главите на статуите на планината Немрут.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Мостот Јавуз Сутан Селим обоен во сина боја“ истакнува дека по повод 2 април, Денот на подигање на свеста за аутизмот, синоќа беше осветлен со сина светлина. Компанијата која што го изгради мостот Јавуз Султан Селим и северната обиколница, со цел да го привлече вниманието на јавноста кон брзиот пораст на аутизмот на кој посочуваат и ОН, соопшти дека во знак на поддршка на кампањата на ОН „Запали сино светло“ на 2 април мостот ќе го осветли со сино светло.



Слични вести