Турски печат 02.04.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 02.04.2019

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Изјава од министерот Чавушоглу во врска со Венецуела“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција ќе продолжи да ја поддржува Венецуела. Мевлут Чавушоглу вчера се состана со венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаза кој престојува во официјална посета на Анкара, со кого потоа одржаа и заедничка прес конференција. Во говорот што го одржа во оваа пригода, Чавушоглу рече: „Ќе продолжиме да ја поддржуваме Венецуела. Било каква негативна состојба во Венецуела би можела да се одрази на цела Латинска Америка, па дури и на Карибите.“ 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Воздушна операција на северот на Ирак“, информира дека како што соопшти Министерството за национална одбрана во вчерашната реализирана воздушна операција во северниот дел на Ирак беа уништени цели кои биле користени од страна на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Во објавеното соопштение од министерството на социјалната мрежа Твитер се вели следното: „Во реализираната воздушна операција на областите Авашин-Басјан и Хакурк на северот на Ирак, се уништени цели кои од страна на сепаратистичко-терористичката организација биле користени како наоружана позиција, засолниште, скривница и складиште за муниција.“

„Атак го маѓепса Бразил“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, каде што се вели дека хеликоптерот Атак во рамките на Роудшоу во Бразил, со 11 пилоти реализира 22 лета од приближно 18 часа.  Хеликоптерот Атак леташе околу статуата на Исус Спасителот, едниот од симболите на градот Рио де Жанеиро, и притоа со својот перформанс наиде на голема заинтересираност, ѝ кај пилотите, ѝ кај гледачите. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турската одбранбена индустрија спремна за Саемот LAAD“, пишува дека на 12'сетиот Саем за одбрана и безбедност LAAD што ќе се одржи од 2 до 5 април во Бразил, Турција ќе учествува со 17 фирми предводени од Претседателството за одбранбена индустрија. Во рамките на саемот ќе бидат претставени производи на турската одбранбена индустрија и тоа платформи за оклопни возила, различни беспилотни копнени и воздушни возила, поморски системи, системи на оружје, електронски системи, муниција, симулатори, воени текстилни производи и производи за логистичка поддршка.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Започнаа директните летови на Туркиш Ерлајнс Лондон-Анталија“, информира дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) соопшти дека се започнати директните летови Лондон-Анталија. Првиот лет беше остварен во недела и притоа со излекување, двајца среќни патници беа наградени со повратен билет Лондон-Анталија.



Слични вести