Турски печат 01.04.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 01.04.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Честитки од светските лидери до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган“, пишува дека голем број светски лидери го побараа по телефон претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на кого му честитаа за извојуваната победа на вчерашните локални избори со освоени гласови од над 51 отсто. Меѓу светските лидери кои му честитаа на претседателот Ердоган беа азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, палестинскиот претседател Махмуд Абас, српскиот претседател Александар Вучиќ, претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателот на Гвинеја Алфа Конде и други лидери.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс од Истанбулскиот Аеродром превезе повеќе од 405 илјади патници“, информира дека генералниот директор на Турката авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) Билал Екши во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „На 'Споменикот на победата' Истанбулскиот Аеродром ја надминавме бројката од 405 илјади. На Истанбулскиот Аеродром каде што ќе се преселиме на 6 април, до денеска реализиравме 3 илјади 214 летови и им обезбедивме услуга на над 405 илјади наши патници, Со големи проекти ќе ја постигнеме нашата цел за 2023 година.“ Истанбулскиот Аеродром, кој е и најголемиот аеродром во светот, беше отворен на 29 октомври 2018 година.  

„Со новиот национален систем способност за флотата за едновремена операција во различни мориња“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, каде што се вели дека со домашни и национални можности и способности од страна на турски инженери е развиен системот АДВЕНТ, кој што ќе им обезбеди способност на сите бродови во склопот на флотата за едновремена операција во различни мориња.  Со помош на овој систем воените бродови во Црното и Мраморното Море ќе можат во ист момент едновремено да учествуваат во заедничка операција и ќе се обезбеди  способност на сите бродови во склопот на флотата за едновремена операција во различни мориња.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Извозот на природен камен за 25 години оствари раст од 33 пати“, информира дека секторот на природен камен во Турција кој што на земјата и обезбедува годишни девизни приходи во износ од 2 милијарди долари, на саемот во Измир МАРБЛЕ кој што е едниот од најголемите два саеми од овој вид во светот, пречека илјадници увозници кои дојдоа од сите страни на светот. На саемот учествуваа приближно 1.100 фирми од кои 209 странски. Турција располага со 35 отсто од резервите на природен камен во светот и извозот на природен камен кој што моментално изнесува околу две милијарди долари, се има за цел да биде зголемен на 7 милијарди долари.

 

 

 



Слични вести