Турски печат 28.03.2019

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 28.03.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „На ПКК и нанесовме уште еден тежок удар“ истакнува дека претседателот на Управата за комуникации при претседателството Фахретин Алтун во објавата преку профилот на твитер истакна дека во заедничката воздушна операција на Националната разузнавачка служба (НРС) и Турските вооружени сили (ТВС) на Кандил беа неутрализирани Риза Алтун и неговите придружници кои се сметаа за најблиски соработници на еден од челниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Терористот на ПКК Риза Алтун беше неутрализиран во успешната операција на нашите безбедносни сили. Државата води епска борба“ рече Алтун.

Веб порталот „Хабер Турк“  во веста под наслов „Турција преминува кон период на извоз по електронски пат и нема да се употребува хартија“ ја објавува изјавата на министерката за трговија Рухсар Пекџан која рече дека во новиот период извозот ќе се врши по електронски пат и нема да се употребува хартија. На тој начин остваривме голема трансформација рече Пекџан.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Германскиот гигант почнува со летовите за Истанбулскиот аеродром“ истакнува дека германската воздухопловна компанија Луфтханса се подготвува од 7 април да започне со летовите за Истанбулскиот аеродром во Турција. Во соопштението кое беше објавено од страна на компанијата беше истакнато дека по оперативната функционалност на Истанбулскиот аеродром, седиштето на Луфтханса од аеродромот Ататурк ќе се префрли на новата адреса. Тарифата, цената на авионските карти и другите бенифиции за патниците на Луфтханса кои ќе го користат новиот аеродром ќе продолжат да важат.

Весникот „Стар“ о веста под наслов „На помош им дотрча Турција“ истакнува дека Исламската верска фондација на Турција изврши прегледи на над 40 илјади сирачиња жртви на граѓанската војна во Сирија.  Програмата што ја започна Фондацијата пред две години се остварува со помош на доброволните лекари кои за викендите ги прегледуваат сирачињата кои поради граѓанската војна немаат пристап до здравствените услуги. По здравствените прегледи на сирачињата зависно од болеста бесплатно им се доделуваат лекови.



Слични вести