Турски печат 27.03.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 27.03.2019

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ердоган: Трамп, чија територија ја даваш на Израел“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган уште еднаш покажа реакција на претседателскиот указ на американскиот претседател Доналд Трамп со кој прогласи дека „официјално го признава суверенитетот на Израел над Голанските висорамнини“, а кои и припаѓаат на Сирија. Велејќи „Трамп, чија територија ја даваш на Израел, според резолуцијата на Обединетите нации (ОН) тоа е територија на Сирија“, претседателот Ердоган рече: „Тоа не го признава Европската унија (ЕУ), не го признаваме ние како Организација за исламска соработка (ОИС), не го признаваат Русија и Кина, не е можно да обезбедиш да се изгласа една таква резолуција од Советот за безбедност на Обединетите нации. Во каков свет живееме ние?“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Реакција од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу до арапките земји во врска со Голанските висорамнини“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу покажа остра реакција на потпишаниот указ од страна на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Голанските висорамнини. Чавушоглу рече дека американскиот претседател ги призна Голанските висорамнини за територија на окупаторот Израел и дека не се слушна глас од арапските земји во регионот, против тој документ. Велејќи дека првата реакција ја покажа Турција, Мевлут Чавушоглу напомена дека дури и Европската унија (ЕУ) покажува реакција, но некои арапски земји не можат да прозборат од страв од Америка и Израел.

„Индискиот бизнисмен Манпрет Синг: Точно е време да се инвестира во Турција“, гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, каде што се вели дека претседателот на Меѓународната трговска комора на Индија Манпрет Синг истакна дека сега е точно време за инвеститорите во неговата земја, за инвестирање во Турција. Велејќи дека Турција е во положба на центар меѓу Европа и Блискиот исток, Синг рече: „Освен тоа има турски фирми кои располагаат со многу добри односи со Европската унија (ЕУ). Индиските фирми би можеле да искористат турските фирми и во таа смисла.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Во 2019 година се очекува раст од 15 отсто во бројот на туристите“, им одделува место на изјавите на министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој кој ги соопшти очекувањата од туристичката сезона во 2019 година. Министерот Ерсој напомена дека се очекува раст од 15 отсто во бројот на посетителите и нагласи дека доста е голем бројот на раните резервации. Ерсој рече: „Особено во летувалиштата тој процент би можел да биде поголем. Турција сезоната во 2019 година ќе ја помине добро.“ Министерот Мехмет Нури Ерсој воедно истакна дека за продолжување на туристичката сезона и за привлекување на поквалитетни туристи, е фокусирано на туристичко сфаќање кое ќе биде обединето со културата и уметноста.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Целта на Турција во производството на злато за 2023 година, 50 тони“, пишува дека заменик министерот за енергија и природни ресурси Митхат Џансиз истакна дека Турција до 2000’дитата година не располагаше со производство на злато и рече: „Турција во 2013 година со 33,5 тони го постигна врвот во производството на злато. Оваа бројка во 2018 година изнесуваше 27,1 тон.“ Велејќи дека како резултат на зголемените активности за пребарување во последните 30 години се пронајдени различни резерви на злато, Џансиз додаде дека се има за цел во 2023 година да се дојде во положба на земја со капацитет за производство на злато од 50 тони.



Слични вести