Турски печат 26.03.2019

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања ви земјава и светот

Турски печат 26.03.2019

Веб порталот „ХаберТурк“ во веста под наслов „Турција по изборите ќе привлече поголеми и инвестиции“ ја објавува изјавата на претседателот на управата за стратегија и буџет при претседателството Наџи Акбал кој рече дека по локалните избори на 31 март, ќе настапи период без избори од 4.5 години. По изборите ќе се фрлат нови и многу посилни чекори и турската економија ќе се искачи на ниво кое го заслужува. Со силните јавни финансии, банкарскиот систем, младата популација, комуникационата и транспортна инфраструктура, предностите од аспект на глобалната локација, турската економија во претстојниот период ќе привлече поголеми инвестиции. Со доаѓањето на овие инвестиции турската економија ќе постигне поголем раст.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Период без пасоши со Русија“ ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи Мевљут Чавупшоглу кој рече дека започнале со серијата состаноци со надлежните органи на Русија за отворање на патот за доаѓањето на Русите во Турција без пасоши. На 28 март во Анталија ќе дојде министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. На средбата во Анталија ќе имаме можност подетално да ги разгледаме деталите во врска со тоа. На 8 април сите заедно ќе отпатуваме за Москва. Руските туристи кои поради здравствени и други причини во Турција доаѓаат во зимските месеци се изјаснија дека сакаат да останат подолг временски период во земјава поради што планираме да го продолжиме 90 дневниот престој.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Прилив на туристи од балканските земји во Едирне“ истакнува дека лани со 3 милиони туристи по Истанбул и Анталија, Едирне беше третиот најпосетен град на Турција поради што годинава се подготвува да стане нов туристичките рај на Турција. Градот и натаму го посетуваат голем број туристи од Грција и Бугарија, а во последните денови се забележува и пораст на туристите од Македонија, Романија, Хрватска и Србија. Туристите кои за викенд дојдоа во Едирне ги пополнија сите пансиони и хотели. Од Грција и Бугарја за викендот во Едирне допатуваа над 20 илјади туристи со над 3 илјади возила и 150 автобуси.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Крајбрежниот град Халфети на Шанлиурфа ги очекува туристите“ истакнува дека со доаѓањето на пролетта, во општината Халфети кај Шанлиурфа беше забележана одредена живост од аспект на туризмот. Општината Халфети чиј еден дел остана под водите на браната Биреџик, како резултат на мирната и спокојна карактеристика која ја пружа на посетителите, од страна на Меѓународниот комитет за координација Ситаслоу во 2013 година беше прогласен за „најмирен град“. Поради историските камени куќи и природните убавини Халфети се нарекува „таен рај“ на Југоисточна Анадолија.  Во туристичката сезона Халфети го привлекува вниманието на домашните и странски посетители. Лани Халфети помина извонредна сезона и посетеност од над 600 илјади туристи поради што годинава очекува оваа бројка да се зголеми.



Слични вести