Турски печат 25.03.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1169809
Турски печат 25.03.2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Министерот Чавушоглу: Повторно поради вас ќе избувне војна“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со терористичкиот напад за време на џума намаз (петочната молитва) во Нов Зеланд рече: „Овој убиец и непријателите на исламот во позадината, го поставија на мета претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. Денеска непријателството кон исламот и непријателството кон Турците се обединети. Причината пак, е таа што во светот постои само еден громовит глас на муслиманите. А тоа е Турција.“ Велејќи  дека непријателството кон Турците и муслиманите во иднина би можеле да го остават своето место на непријателството кон католиците, протестантите и православните, Мевлут Чавушоглу ја предупреди Европа и рече: „Повторно поради вас ќе избувне војна, исто како што беше случај со Втората светска војна.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Осуда од Турција против нападот во Мали“, информира дека Турција го осуди реализираниот вооружен напад на едно село во областа Мопти во Мали  и ја достави својата порака со сочувство до народот на оваа земја. Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се вели следното: "Со жалење е дочекана веста за извршениот напад на едно село во близина на градчето Банкас во областа Мопти во Мали во кој животот го загубија и беа ранети голем број лица. Го осудуваме овој гнасен напад, го изразуваме нашето сочувство до братскиот народ и владата на Мали, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, а на ранети побрзо оздравување."

„Истанбулскиот Аеродром ќе го зголеми учеството на меѓународните саеми“ гласи насловот на страниците на весникот „Хабертурк“, каде што се вели дека генералниот директор за Саеми „Hannover Fairs Turkey“ Александер Ќухнел истакна дека заедно со Истанбулскиот Аеродром Турција ќе располага со поинтензивен меѓународен воздушен сообраќај и рече: „Со новиот аеродром националните и меѓународните посетители ќе покажат поголемо учество на нашите саеми.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Светот не се откажува од турските домати“, пишува дека претседателот на Унијата на инвеститорите и производителите на оранжериско производство (СЕРА-БИР) Муслум Јанмаз истакна дека доматите на наоѓаат на чело на најзначајните земјоделски производи за извоз и во таа смисла се осврна на значењето на развојот на оранжериското производство. Велејќи дека голем број земји покажуваат заинтересираност за турските домати, Муслум Јанмаз рече: „Во Турција произведуваме приближно 12 милиони тони домати. Приближно 3,5 милиони тони од нив се од оранжериско производство.“ Јанмаз воедно напомена дека минатата година беше остварен извоз на домати во 53 земји во износ од 292 милиони долари.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „МФО е настапи во Анкара“, информира дека Генералната дирекција за убави уметности при Министерството за култура и туризам; Претседателскиот симфониски оркестар-едниот од најелитните институции за уметност на Турција, ќе го состане со легендарната музичка група Мазхар-Фуат-Озкан позната како МФО. Оваа голема средба која што со денови се очекува со нетрпение од страна на љубителите на музиката, ќе се оствари на 26 март (утре) во Спортската сала Анкара.



Слични вести