Турски печат 21.03.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1167642
Турски печат 21.03.2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Вондерленд Евроазија бесплатен до 31 март вечер“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера говореше на церемонијата на отворање на Анкапарк „Вондерленд Евроазија“ кој е изграден во главниот град Анкара и е најголемиот тематски парк во Европа. Велејќи „Анкапарк истовремено е проект пријател на животната средина“, Ердоган истакна дека Анкапарк ќе има голем придонес за главниот град. Ердоган соопшти дека Анкапарк „Вондерленд Евроазија“ до 31 март вечер, ќе биде бесплатен. Анкапарк располага со вкупна површина од 1 милион 300 илјади квадратни метри и ќе обезбедува приходи годишно во износ од 50 милиони долари (приближно 9 милиони 200 илјади долари).

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Позната првата станица на С-400 во Турција“, информира дека прва станица на батериите на воздушно одбранбениот систем С-400 кој што ќе биде испорачан од Русија на Турција, ќе биде воздушната база Акинџи во Анкара. По координацијата што се води помеѓу Министерството за национална одбрана и Генералштабот, е разјаснето и прашањето каде ќе бидат распоредени батериите С-400. Како што се дознава, во сегашни услови како најсилна опција се разгледува во прва фаза едната од батериите да остане во воздушната база Акинџи, а втората да се користи во источниот и југоисточниот дел, против можната закана кон тие делови на земјата.

„Во летните месеци почнува процесот на суфицит на тековната сметка“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, каде што се вели дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак кој вчера говореше на еден состанок во градот Трабзон под наслов „Чекор по чекор економија“, направи проценка на последната ситуација во економијата. Министерот Албајрак рече: „Во летните месеци, со влијанието на туризмот и земјоделството и уште поголемото влијание на извозот, влегуваме во процес на суфицит на тековната сметка. Нормализацијата во оваа точка, заедно со позитивните случувања во реалниот сектор ќе ја носи Турција кон многу подобра точка.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турција е отворена за енергетска соработка со странските компании, во Средоземното и Црното Море“, пишува дека министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез информираше во врска со активностите за истражување нафта и природен гас во Средоземното и Црното Море. Тој нагласи дека во кусо време ќе се добие резултат од активностите за истражување на природен гас во Средоземното Море и дека Турција ќе располага со посилен адут. Велејќи „Ако има енергија сигурно ќе ја пронајдеме“, министерот Фатих Донмез рече: „Би можеле да воспоставиме нова соработка со меѓународните нафтени компании и сме отворени за тоа, и во Средоземното, и во Црното Море.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс стана спонзор на аргентинскиот гигант Ривер Плата“ информира дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) стана спонзор за дресот на познатиот аргентински клуб Ривер Плата. Турската авиокомпанија ТХЈ која станува спонзор на голем број спортски екипи во светот, за зголемување на својот удел на пазарот во латинска Америка постигна договор со Ривер Плата за спонзосрство на дресот. Авиокомпанијата работи на зголемување на обемот на договорот. Според договорот што ќе биде потпишан во наредните денови, Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) се очекува да склучи тригодишен договор за дресот и стадионот на Ривер Плата.



Слични вести