Турски печат 15.03.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1163858
Турски печат 15.03.2019

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Значајни изјави од министерот Чавушоглу во Брисел“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во своето обраќање на отворањето на конференцијата „Поддршка на Сирија и иднината на регионот“ што се одржа вчера во главниот град на Белгија, Брисел, а во организација на Европската унија (ЕУ) и Обединетите нации (ОН), рече: „Процесот од Астана обезбеди конкретни придонеси од аспект на намалувањето на насилството и унапредувањето на политичкиот процес. Како резултат на нашите заеднички активности е овозможено да се дојде до завршна фаза во формирањето на Уставниот комитет.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Изјава за Ф-35 од министерот Акар“, и одделува место на изјавата на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој истакна дека се очекува од САД борбените авиони Ф-35 да и ги предаде на Турција во ноември. Акар рече: „И покрај тоа што пристигнуваат одредени изјави, во врска со Ф-35 на изглед сé се одвива нормално. Нашите пилоти и персоналот за одржување ја продолжуваат обуката во САД.“

„Остра реакција од министерот за правда Ѓул против одлуката на Европскиот парламент (ЕП)“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Јени Шафак“, каде што се вели дека министерот за правда Абдулхамит Ѓул во врска со извештајот на Европскиот парламент (ЕП) за Турција за 2018 година рече: „Овој извештај исполнет со предрасуди кон Турција, ќе биде заведен во историјата како документ за отуѓувањето на Европа лично кон нејзините сопствени вредности.“ Министерот Ѓул продолжи со следните зборови: „Да се застане во одбрна на оние кои додека од една страна упатуваат бескрајни серенади за демократијата и човековите права, а од друга вршат масакр врз демократијата, му објавуваат војна на општествениот поредок за владеење на правата и слободите, претставува историска противречност.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Главната виолинистка на Претседателскиот симфониски оркестар приреди концерт во Софија“, пишува дека главната виолинистка на Претседателскиот симфониски оркестар Жулиде Јалчин настапи во главниот град на Бугарија, Софија. На концертот во „Bulgaria Hall“ под диригентство на шеф Свилен Симеонов и во придружба на софискиот оркестар „Симфониета“, беа изведени дела од Волфганг Амадеус Моцарт и Џозеф Хајдн.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „2.300 годишно културно наследство“, информира дека калето Асаркале изградено во хелинистичкиот период, во населеното место Бафра, кај градот Самсун и камените гробници, наидуваат на голема заинтересираност кај посетителите. Најголема заинтересираност пак, привлекуваат гробниците од времето на Пафлагонија стари 2.300 години.



Слични вести