Турски печат 13.03.2019

Еве ги позначајните вести за кои што информираат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1162304
Турски печат 13.03.2019

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ги поврзавме Лондон и Пекинг“, пишува дека вчера беше свечено пуштена во употреба железничката линија Гебзе-Халкали, како една од најголемите инвестиции за транспорт во Турција. На свеченото отворање говореше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој рече: „Оваа линија со Мармарај поминува преку Босфорот. Возот кој што ќе тргне од Лондон оттука ќе патува до Пекинг. Двете континенти ги поврзавме со железничка пруга, од едниот до другиот крај.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Турција ќе стане попривлечна за групата руски туристи со високи примања“, информира дека се интензивирани работите за привлекување на Русите со високи примања, наместо Европа за одмор да ја изберат Турција. Во тие рамки, Русија ќе биде почесна земја на низа организации во Турција. Како додаток на летовите од Русија за Истанбул, ќе се воведат летови со бизнис класа и од други дестинации. Во стручното образование за угостителско-туристичка струка во гимназиите, задолжително ќе се изучува рускиот јазик.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Гасот од ТАНАП ќе достигне до 4 милијарди метри кубни“ информира дека со посредство на Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) преку кој азербејџанскиот природен гас низ Турција се транспортира во Европа, во периодот од 30 јуни 2018 година до 28 февруари 2019 година за Турција се испорачани вкупно 1 милијарда 250 милиони метри кубни гас. Преку овој гасовод до крајот на јуни ќе бидат испорачани 2 милијарди метри кубни гас, а до крајот на 2019 година 4 милијарди метри кубни гас. За време на изградбата на проектот беа откриени и нови видови на живи суштества. Од 10’те откриени нови живи суштества 9 се животни, а 1 растение. Освен тоа за време на ископувањата беа пронајдени и 154 нови археолошки локалитети.

„Туркиш Ерлајнс полета со заинтересираноста на Латините кон Турција“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, каде што се вели дека бројот на Латиноамериканците кои во минатата 2018 година дојдоа во Турција, во споредба со претходната 2017 година, со раст од 59 отсто се зголеми на 252 илјади лица. Оние кои дојдоа најмногу пак, со раст од 58 отсто и 78 илјади 691 лице, беа бразилските граѓани. Овој тренд на раст продолжува и оваа година, така да е зголемен уште повеќе бројот на патниците кои што ги превезува Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) од Латинските земји, а кои доаѓаат особено за верскиот туризам. Туркиш Ерлајнс минатата година од овој пазар со раст од 6,5 отсто превезе 403 илјади лица, додека во јануари и февруари оваа година со раст од 21,1 отсто се превезени 70 илјади 679 лица.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Одбраната на Медипол Башакшехир на врвот во Европа“, пишува дека турската портокалово-лилјакова фудбалска екипа е со најмалку примени голови во просек во турската фудбалска Супер лига и во петте големи фудбалски лиги во Европа. Медипол Башакшехир од Истанбул, на 25 одиграни натпревари прими само 12 гола и привлече внимание со просекот од 0,48 отсто примени голови. Екипа со најблизок процент на примени голови до Медипол Башакшехир, е Ливерпул кој се наоѓа на второто место во англиската Премиер лига и кој на 30 одиграни натпревари има примено 17 голови, што значи процент од 0,56 отсто примени голови.



Слични вести