Турски печат 11.03.2019

Еве ги позначајните вести за кои што информираат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1160701
Турски печат 11.03.2019

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турција најмногу свежо овошје и свеж зеленчук и продаде на Русија“, пишува дека Турција во периодот јануари-февруари 2019 година, оствари извоз на свежо овошје и свеж зеленучк во 100 земји и од тоа обезбеди приходи во износ од 365 милиони 662 илјади долари. Во овој период од два месеци со извоз од 104 милиони 533 илјади долари на прво место се наоѓа Русија. По оваа земја следуваат Ирак со 34 милиони 84 илјади 400 долари и Романија со 33 милиони 105 илјади 975 долари.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Довербата зацврстена, доаѓа странски капитал“, информира дека по нападот со девизниот курс што беше извршен во август минатата година врз турската економија, со преземените економски мерки инфлацијата опадна, е остварен суфицот во буџетот, дефицитот на тековната сметка се намали, а каматите опаднаа. Домашните и странските инвеститори стапија во акција. Пристигна за три пати поголема побарувачка за извозот на обврзници. За два месеци се купени обврзници во износ од 1 милијарда долари во берзата. Резервите на Централната банка во периодот од 22 февруари до 1 март за една недела, со раст од 394 милиони долари достигнаа до 100 милијарди 65 милиони долари, што претставува најголема сума во последните 7 месеци.

„Чанаккале со својата обновена историја, пред 18 март“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, каде што меѓу другото се вели дека Чанаккале кој што во ова време ги презентира најубавите слики на пролетта, се подготвува за манифестациите по повод 18 Март 104'тата годишнина од Победата на Чанаккале. Посетителите поразлично од досегашните години, оваа година ќе можат да ги посетат и музејот на Троја кој што е отворен пред 5 месеци, реставрираната Табја Хамидије т.ј. рововите и калето Седдулбахир. Светилникот Мехметчик на најкрајната точка на историскиот полуостров, од идната година ќе биде отворен за туризам за нуркање.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Културен туризам за 100 милиони посетители“, пишува дека Турција се подготвува за културен потег во туризмот. Министерството за култура и туризам, анадолските цивилизации и вредности ќе ги промовира како фокусна точка во рамките на манифестациите во странство. Со сиве овие промовирања се планира Турција во долгорочен период да достигне до целта од 100 милиони туристи. Со таа цел, министерството ќе ги изнесе на светлината на денот културните вредности на Турција. Културните вредности кои што останале во тајност ќе им бидат претставени на туристите.    

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Авиопатниците на Истанбул за 2 месеци ја надминаа бројката од 15 милиони“, информира дека бројот на авиопатници на аеродромите во Истанбул во првите два месеци од оваа година, во споредба со истиот период минатата година со раст од 214 илјади 490 лица, е зголемен на 15 милиони 285 илјади 517 лица. Во јануари и февруари во 2019 година приближно 57 отсто од патниците кои ги користеле аеродромите во цела Турција, патувале од и за аеродромите во Истанбул.



Слични вести