Турски печат 07.03.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1158546
Турски печат 07.03.2019

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ердоган: Завршено е со С-400, со Русите можеби ќе почнеме со заедничко производство на С-500“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа во специјалната програма на еден приватен телевизиски канал истакна дека нема враќање по прашањето на купување на воздушно одбранбениот систем С-400 од Русија. Ердоган рече: „Завршивме со С-400, никако не може да стане збор за враќање назад. Се договоривме со Русите, ќе започнеме со заедничко производство, по С-400 можеби и на С-500.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Чавушоглу: Со 242 амбасади и генерални конзулати сме на петтото место во светот“, им одделува место на изјавите  на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој соопшти дека Турција со 242 амбасади и генерални конзулати се наоѓа на петтото место во светот. Чавушоглу вчера им се обрати на студентите на Универзитетот 17’ти Септември во Бандирма кај градот Баликесир, каде што изнесе низа проценки во врска со надворешната политика. Велејќи дека доколку не се презентира праведен и принципиелен начин на однесување во надворешната политика иницијаторството ќе остане на збор и празните зборови ќе немаат никако значење, Мевлут Чавушоглу нагласи дека денешниот глобален систем е неуспешен во решавањето на проблемите.

„Министерството соопшти: Погодени цели на ПКК“ гласи насловот на страниците на весникот „Јени Шафак“, каде што се вели дека Турските вооружени сили (ТВС) вчера реализираа воздушна операција врз цели на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, преку границата, во северниот дел на Ирак. Министерството за национална одбрана на својата сметка на социјалната мрежа Твитер сподели информација во врска со операцијата. Во информацијата се истакнува дека во реализирана воздушна операција на областите Метина, Зап, Авашин-Басјан и Хакурк на северот на Ирак, се уништени наоружани позиции, засолништа, скривници и складишта за муниција на сепаратистичко-терористичката организација.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Првиот антисерум против беснило во Турција“, информира дека првиот антисерум против беснило во Турција ќе биде произведен на крајот на годината. Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк ја посети фабриката на А.Д. за Биолошки производи, индустрија и трговија АЛБИЛА Серум, формирана во градот Ескишехир од страна на „40 жени-инвеститори ангели“ меѓу кои се наоѓаат водечки жени бизнисмени во земјата. Министерот Варанк истакна дека на крајот на 2019 година ќе биде произведен првиот антисерум против беснило во Турција и дека благодарение на тоа ќе се стави крај на увозот од десетици милиони долари, што го реализира Турција.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс од Берлин ќе лета директно за Адана и Газиантеп“, пишува дека како што било соопштено од страна на функционери на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс), директните летови од германскиот главен град Берлин за градот Адана ќе започнат на 2 април, а директните летови за градот Газиантеп ќе започнат на 5 април. Со летовите кои што во текот на летото ќе се реализираат еднаш неделно во два правци, патниците ќе можат да летаат од Берлин за Адана и притоа да го вкусат она привилегирано патување со авионите на Туркиш Ерлајнс. Летовите од Берлин за Газиантеп пак ќе се реализираат во петок и сабота, во два правци.



Слични вести