Турски печат 01.03.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1154791
Турски печат 01.03.2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Турција во акција за пакистанско-индиската криза“, пишува за синоќешниот телефонски разговор на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со пакистанскиот премиер Имран Хан. Во разговорот остварен на барање на Имран Хан, беше поставена на маса присутната криза помеѓу Пакистан и Индија. Пакистанскиот премиер Имран Хан посака од претседателот Ердоган да преземе посредничка улога за ставање крај на воената затегнатост помеѓу двете земји. Во телефонскиот разговор стана збор за присутната затегнатост во последните денови помеѓу Пакистан и Индија и за случувањата во регионот.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Најмногу туристи во Турција дојдоа од соседите“, информира дека бројот на странските туристи кои дојдоа во Турција во месец јануари годинава со раст од 5,33 отсто изнесува 1 милион 539 илјади 496 лица. На списокот на земји кои испратија најголем број посетители во Турција на првите две места се наоѓаат двете соседни земји Бугарија и Грузија. На прво место е Бугарија со 8,69 отсто и 133 илјади 806 лица, а на второ Грузија со 7,30 отсто и 112 илјади 376 лица. На третото место се наоѓа Германија со 6,63 отсто и 102 илјади 120 лица, додека бројот на посетители кои допатуваа од Русија со раст од 34,2 отсто достигна до 91 илјада 720 лица и со дел од 5,96 отсто.  

„Турција во клучна улога во испораката на природниот гас од Средоземното Море за Европа“, гласи насловот на страниците на весникот „Јени Шафак“ каде што се вели дека посетата на зетот и главен советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер на Анкара и неговиот прием кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, продолжува да одекнува и во меѓународниот печат. Според експертите за енергија, оваа посета би можела по себе да донесе нов период и од аспект на односите помеѓу Турција и Израел. Експерти, се на ставот дека одговорот на енергетскиот договор што го потпиша Египет со Кипарско-грчката управа исклучувајќи го притоа од игра Израел, би можел да се даде преку испорака на израелскиот гас за Европа преку Анадолија.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Продолжува растот во извозот“, пишува дека извозот на Турција во месец јануари годинава во споредба со истиот месец минатата година со раст од 5,9 отсто се зголеми на 13 милијарди 170 милиони долари, додека увозот со пад од 27,2 отсто се намали на 15 милијарди 673 милиони долари. Дефицитот на надворешната трговија во овој период се пад од 72,5 отсто од 9 милијарди 89 милиони долари опадна на 2 милијарди 502 милиони долари.

Покриеноста на увозот со извоз, минатата година во месец јануари изнесуваше 57,8 отсто, додека истиот месец оваа година се зголеми на 84 отсто.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „На чело на турската фудбалска репрезентација дојде Шенол Ѓунеш“, информира дека на должноста нов технички директор на турската фудбалска репрезентација е донесен Шенол Ѓунеш. Постигнатиот 4 годишен договор со искусниот технички директор ќе стапи во сила од 1 јуни 2019 година. Шенол Ѓунеш беше на чело на турската фудбалска репрезентација на Светското првенство во 2002 година што се одржа во Јужна Кореја и Јапонија, кога Турција го освои третото место во светот.

 

Тоа беше прегледот на турскиот печат...



Слични вести