Турски печат 26.02.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1153242
Турски печат 26.02.2019

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Започна најголемата поморска воена вежба во историјата на Републиката“, пишува дека започна воената вежба „Сина татковина 2019“ која за прв пат во историјата на Републиката се реализира едновремено со учество на 103 бродови на три мориња, кои ги опколуваат татковинските територии. Воената вежба раководена и управувана од страна на Командата на поморскиот воен центар, се реализира како воена вежба која за прв пат ќе се одвива едновремено на три мориња и тоа во Црното, Егејското и Источното Средоземно Море. На вежбата во чии рамки ќе демонстрираат сила нови оружја и средства внесени во инвентарот, ќе учествуваат и авиони Ф-16. Воената вежба „Сина татковина 2019“ ќе заврши на 8 март.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Џиновска соработка од Вестел и Гугл“, информира дека турската компанија Вестел на Светскиот мобилен конгрес (Mobile World Congress - MWC 2019) што се одржува во шпанскиот град Барселона и на која учествува по шести пат, ја соопшти постигнатата соработка со Гугл. Според тоа, Вестел соопшти дека во Вестел Сити ќе се започне со производство на телевизори со оперативен систем Android Pie како последна верзија на софтверот на Андроид. Корисниците, со телевизорите на Вестел со Android Pie со помош на гласовни команди со посредство на Гугл асистентот ќе имаат пристап до апликациите, а преку екранот повторно со гласовна команда ќе можат да го контролираат и амбиентот на осветлување. Вестел, овие Андроид телевизори ќе ги изнесе на пазарот во март 2019 година и тоа почнувајќи од Турција, а потоа и во Европа.

„Започна пријавувањето за ТЕКНОФЕСТ 2019“ гласи насловот на страниците на весникот „Стар“, каде што се вели дека започна пријавувањето за учество на „ТЕКНОФЕСТ Истанбул 2019“ кој што е втор најголем фестивал за воздухопловство во светот и кој буди мошне големо воодушевување. Пријавувањето за технолошките натпревари кои што ќе се одржат во рамките на Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ, ќе траат до 28 февруари. Во склопот на ТЕКНОФЕСТ кој што оваа година доаѓа повторно со новини, ќе се одржи и натпревар во дизајн на летечки автомобил. Екипите кои ќе победат на натпреварот, ги очекува награда од над 2 милиони турски лири (приближно 400 илјади долари).

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Бурса, петтиот најздрав град во светот“, пишува дека независниот истражувачки центар „Нумбео“ кој ги избира градовите со највисок квалитет на живот во светот, земајќи ги притоа за база критериумите како што се трошоците за живеење, цените на недвижнини, кривичните дела, здравствените услуги, загаденоста на воздухот и сообраќајот;  започна истражување за утврдување на најздравите градови во светот. Во истражувањето на „Нумбео“ согласно здравствените услуги и слични податоци, градот Бурса се рангира на петтото место во списокот на „најздрави градови“.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Англичаните инсистираат за младиот фудбалер на Трабзонспор Јусуф Јазиџи“, информира дека Кардиф Сити, од англиската Премиер лига, во полусезоната му достави понуда на турскиот фудбалски прволигаш Трабзонспор за купување на Јусуф Јазиџи. Меѓутоа, претседателот на Трабзонспор Ахмет Агаоглу истакна дека засега не е можно да го продадат 22-годишниот фудбалер по што островската екипа за момент се повлече, но не се откажа од интересирањето кон овој млад фудбалер. Функционерите на англиската екипа Кардиф Сити ги следеа сите натпревари што ги одигра Јусуф Јазиџи во вториот дел од полусезоната, и како што се вели биле импресионирани од напредокот на овој млад фудбалер, така што планирале на крајот на фудбалската сезона повторно да затропаат на вратата на Трабзонспор, овојпат со уште повисока понуда.



Слични вести