Турски печат 25.02.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1151622
Турски печат 25.02.2019

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Воздушни операции на северот на Ирак“, пишува дека Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализирани воздушни операции во северниот дел на Ирак се погодени цели на терористичката организација. Во постот на министерството објавен на социјалната мрежа Твитер, се вели следното: „Во реализирани воздушни операции на областите Хакурк и Зап на северот на Ирак  се уништени цели кои од страна на сепаратистичко-терористичката организација биле користени како наоружана позиција, засолниште, скривница и складиште за муниција."

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Акар: Нашите планови за исчистување на Менбич и истокот на Еуфрат од терористите се готови“, им одделува место на изјавите на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој рече: „Нашите планови се подготвени за исчистување на Менбич и истокот на Еуфрат од терористите, воспоставување на безбедноста на нашите граници и за безбедно враќање на нашите сириски браќа во своите домови. Кога ќе дојде времето и часот со директива на нашиот претседател, овие планови ќе бидат имплементирани.“

„Туркиш Ерлајнс од Истанбулскиот аеродром превезе 272 илјади 821 патник“ гласи насловот на страниците на весникот „Сабах“, каде што се вели дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) од 31 октомври 2018 година кога започна со редовните линии од новоизградениот Истанбулски аеродром, со реализирани 2.173 авионски летови превезе вкупно 272 илјади 821 патник. Генералниот директор на Туркиш Ерлајнс Билал Екши во соопштението што го објави на социјалната мрежа Твитер напиша: „Со нашите нови линии продолжуваме да растеме во Истанбулскиот аеродром. Истанбулскиот аеродром е споменикот на победата во воздухопловството.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Секторот на чевли во атак кон Русија“, информира дека на саемот „Euro Shoes Premiere Collection“ што ќе се одржи од 25 до 28 февруари на паркот Соколники во Москва, во склопот на „Организацијата национално учество на Турција“ на Унијата на извозниците на кожа и производи од кожа од Егејот, ќе учествуваат 13 турски фирми. На овој саем турските фирми ќе вложуваат напори за зголемување на извозот на чевли на Турција.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „ Почна како хоби, испраќа во 7 земји“ пишува дека Аднан Демир кој во градот Токат огледува украсни кокошки, почна да ги извезува јајцата кои што ги добива од овие кокошки. Демир, разнобојните јајца од украсните кокошки ги продава преку социјалната медија. Аднан Демир вели: „Моментално испраќам јајца по порачка. Додека испраќавме низ Турција, се отворивме и кон странство. Испратив јајца во 7 земји.“



Слични вести